Овој ролат секогаш го приготвувам за гости, вкусен е како мезе, но и многу декоративен.
Потребни состојки:
4 јајца
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици кисела павлака
1 прстофат сол
Фил:
200 г фета сирење
100 мл милерам или кисела павлака
180 г шунка
Постапка:
Белките одвојте ги од жолчките и со прстофат сол изматете цврст снег. Посебно изматете ги жолчките со павлаката, додавајќи една по една жолчка. Со лажица додајте го снегот од белки и полека промешајте за остане смесата пенлива.
На крај додајте ја мешавината од прашок за печиво и брашно, па промешајте да се соединат.
На плех од рерна обложен со хартија, разлејте ја рамномерно приготвената смеса и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Печената кора свиткајте ја во влажна крпа и оставете да излади (заедно со хартијата, па подоцна ќе ја извадете).
Посебно изматете фета сирење и милерам, па додајте сечкана шунка и промешајте.
Кората премачкајте ја со филот, па повторно свиткајте ја во ролат, во крпа и оставете во фрижидер да се стегне.
Непосредно пред служење исечете на парчиња и послужете. Доколку немате време за приготвување на кора, истиот фил можете да го искористите за премачкување на кора од обланда претходно малку омекната во влажна крпа.