Рецепт и видео на Мароканска Кујна (Cuisine Marocaine) – колач со јаболка и 1 јајце. Здраво на сите, се надевам дека сите сте добро. Овојпат ви го претставувам рецептот за колачот кој достигна преку милион прегледи на јутјуб. Се приготвува многу едноставно и брзо, а може да се послужи за појадок, попладневна закуска, но може да се послужат и гости.
Потребни состојки: 1 јајце, 2 јаболка, 150 мл млеко, 60 г шеќер, 60 мл масло, 1 прстофат сол, 1 ванилин шеќер (7 г), 1 прашок за печиво (8 г), 150 г брашно и 1 лажица оцет
Постапка: Нелеплива тава убаво намастете ја со путер и наросете ја одозгора со една супена лажица шеќер. Јаболката убаво измијте ги и исцедете ги, па исечете ги на тркалца без да ги лупите. Отстранете ги семките и внатрешниот тврд дел (за ова може да ви послужи и обично капаче, погледни видео).
Тркалата од јаболка наредете ги во тавата. Во посебен сад ставете едно јајце со прстофат сол и една кесичка ванилин шеќер, па додадете 3 полни лажици шеќер. Изматете со маталка додека убаво да се соединат состојките. Додека матите додадете и 60 мл масло во тенок млаз.
Во смесата додадете и 150 мл млеко а на крај постепено промешувајте 150 г брашно со 1 прашок за печиво. На крај промешајте и една лажица оцет. Добиената смеса рамномерно прелијте ја врз јаболката, па поклопете со капак и тавата ставете ја на рингла на ниска температура.
После 20 минути колачот превртете го врз чинија и вратете го повторно во тавата да се допече и од другата страна, уште 5 минути. Вашиот колач е готов и можете да го послужите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:
https://youtu.be/7g02s7EKybE