Многу лесен и вкусен мармалад од кајсии без конзерванси…Само 3 состојки..Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 кг кајсии
1.5 кг шеќер
1/2 лимон – сок
ПОСТАПКА:
1.Измијте ги кајсиите и исчистете ги од семки, па исечкајте ги. Во големо тенџере редете слој кајсии, слој шеќер. На 1 кг кајсии се додаваат 500 г шеќер.
2.Вака оставете ги да отстојат 24 часа, но ако немате време, започнете го готвењето веднаш. Ставете го тенџерето на оган на ниска температура и оставете 15-20 минути овошјето да го пушти сокот.
3.Промешајте и продолжете да го готвите 45 минути на контролирана температура. Повремено собирајте ја пената што ќе се формира на површината.
4.парчињата мармалад веќе треба да се се распаднати, но дополните измиксајте со рачен блендер за да добиете фина, мазна конзистенција.
5.Намалете ја температурата на најниско, додајте сок од половина лимон и продолжете со мешање уште 5 минути. Потоа исклучете го огнот и мармаладот е готов.
6.Полнете жежок мармалад во жешки тегли, претходно стерилизирани. Веднаш затворајте ги капаците за да се вакуумираат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/YtfO11cbf3k?si=hR_zYkYreEfHkrsC