Според препораките за безбедно користење на храната, потребно е да имаме повеќе даски за сечење, пластични, по можност во боја за да ги разликуваме за која храна се користат.

Но реалноста во секое домаќинство е поинаква: најчесто се користат дрвени даски за сечење, затоа што се подобри за сечење од пластичните, и најчесто поседуваме по една, две до три даски со различна големина.

Маната на дрвените даски се состои во тешкото одржување на нивната хигиена, бидејќи во сите мали засеци што се направени од ножот, навлегува храна и влага со што претставува совршена подлога за развој на микроорганизми.

Доколку на даската на сме сечеле месо, а потоа сечеме зеленчук за салата, постои голема веројатност да се заразиме со некоја патогена бактерија. Затоа потребно е редовно да се чистат даските на следниот начин:

МНОГУ ЛЕСЕН И ЕДНОСТАВЕН ТРИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДАСКИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ

Овој трик ни го испрати наша редовна читателка чија тетка работи во кујна на еден познат ресторан и од која го научила истиот.
“Имав можност да го видам трикот како делува и тоа баш наутро, солта имаше добиено сива боја, што значеше дека делува.

Познато е дека кујнската сол покрај тоа што се користи како зачин, претставува и ефикасно средство за отстранување на дамки во домаќинството.

Ваквиот начин за чистење на даската го видов во ресторанот. Таму најмногу се користи, особено за даските на кои се сече месо. Но тоа не е причина за понекогаш да се искористи и за нашите мали кујнски даски.

Потребни состојки:

-сол – количината зависи од големината на даската.

Постапка:

Солта се втријува во сува даска, а потоа уште еднаш се наросува преку површината.

Вака се остава да отстои преку цела ноќ. Солта ќе ја извлече нечистотијата од сите гребаници на површина и ќе ги елиминира микроорганизмите.

Следниот ден даската треба да се измие со детергент и топла вода.

Доколку даската ја користите од двете страни, тогаш пред да ја измиете треба да преноќи уште еднаш со сол наросена и од другата страна или убаво да се обложат и горната и долната страна помагајќи се со фолија.