Многу крцкава пита со сирење и готови кори…Однатре е многу мека и сочна…Ја виткам и редам во тепсија за 5 минути! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори за пита
400 г сирење по ваш избор
100 мл масло
За прелив помешајте:
3 јајца
200 мл цврст јогурт/ кисела павлака или к.млеко
200 мл газирана вода
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
ПОСТАПКА:
Наредете три кори една врз друга и секоја премачкјате ја со малку масло. Ставете сирење и свиткајте во ролат. Исечете на парчиња во висина на калапот кој ќе го користите.
Парчињата наредете ги вертикално во калапот обложен со хартија, густо, едно до друго.
Одозгора сипете го преливот во секоја ролничка посебно и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: