Синуситис е инфекција или воспаление на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето. Зимскиот период носи студено и влажно време кое во комбинација со зголемена загаденост на воздухот и престој во зачадени простории, честопати е причина за појава на воспалена слузокожа на синусите.
Синусите се парни празнини во скелетот на главата сместени околу носната празнина, исполнети со воздух и обложени со лигавица. Синусите се поврзани со носот преку мали отвори низ кои во нив навлегува воздухот, а од нив излегува секретот што го излачува лигавицата.
Кога ќе дојде до воспаление и оток на носната и синусната лигавица, доаѓа до блокада на нормалната дренажа на секретот преку синусните отвори и оваа состојба овозможува поволни услови за развој на акутно воспалени на синусите. СИМПТОМИ:
Чувство на оток на лицето, притисок зад очите, затнат нос, отежнато дишење, цедење слуз во грлото, непријатен мирис во носот, температура (евентуално) и забоболка (евентуално) МНОГУ ЕФИКАСЕН РЕЦЕПТ (проверен и испробан од доктор кој ни го испрати рецептот):
1 чаша вода, 1 лажица морска сол, 1 лажица камилица, 1 лажица мед, 2 капки јод и малку сода бикарбона. Постапка: На оган ставате да зоврие една чаша вода со една лажица морска сол. Тргнете го садот од оган и ставате една лажица камилица. Кога чајот ќе излади, ставете една лажица мед, на врв од лажичката сода бикарбона и две капки јод. Од оваа течност се прска во нос 2-3 пати дневно.
Коментар на Љупка Андрејиќ: “Повеќе од половина килограм лушпи од непрскани компири да се сварат и да се направи инхалација со пареата (главата покриена со пешкир врз садот) во времетраење од 15 минути. Потоа се вари лук истата количина, цели главици нелупен.
Па повторно 15 минути инхалација. Постапката се повторува три ноќи по ред по што започнува чистење на синусите. После инхалацијата да не се излегува надвор. ОБЈАСНУВАЊЕ: Човекот има четири пара синуси кои се поврзани со носните канали со низа дупки и меѓуврски.
Синуситисот се јавува кога епителот што ги покрива синусите ќе се воспали, а најчеста причина е затворањето на синусните отвори што се појавува при обичната настинка или грипот. Овие болести го засилуваат лачењето на слузта во носните канали, предизвикувајќи отекување на ѕидовите на синусите и оневозможувајќи нормална работа на клетките.
Алергиските реакции можат да го имаат истото дејство. Во некои случаи синусните отвори ги затвора некоја необична анатомска творба, на пример, од порано постојните носни полипи, девијација на носната преграда, туѓите тела или тумори. Некои болести како дијабетесот и ХИВ, можат да создадат предодреденост за воспаление на синусите.
Исто така, кај луѓе со недоволно слуз и влакненца, како што се заболените од цистична фиброза, веројатноста за појава на оваа болест е поголема од просечната. Синуситисот, исто така, е раширен меѓу заболувањата од тонзилитис и луѓе со аденоидни тегоби.
ЛЕКУВАЊЕ ДОМА – Контролираните истражувања покажале дека таблетки од бромелин го намалуваат воспалението, секретот од носот, главоболката и отежнатото дишење. Имунолошкиот систем можете да го зајакнете со примена на ехинацеја, хидрастис или лук.
Вдишувањето пареа од чај од мирисно каранфилче или чај од ѓумбир исто така, ги ублажува симптомите. Против претераното лачење слуз хербалистите препорачуваат цвет од боз, зорвица, бел слез или златна палка. -Вдишувајте пареа на овлажнувач на воздухот, смеса на топла вода и оцет или дури чаша чај или кафе.
За отворање на синусите ставајте на носот топли облоги. Пијте многу течности. Добрата, здрава исхрана што содржи овошје и свеж зелен зеленчук може да ја поттикне секрецијата и отворањето на синусите. Нутриционистите ги препорачуваат следниве додатоци во исхраната:
Витамин Ц, 500 мг на секои два часа, Биофлавоноид, 1г дневно, Бета-каротин (витамин А), 25 000 МЕ дневно, и Цинк, 23 мг на секои два часа во текот на денот, најмногу една недела. Чувајте се од храна за која се сомневате дека може да предизвика алергиска реакција.
Алергените на кои луѓето честопати и не помислуваат се правот во креветите и некои прехрамбени производи, на пример, млечните производи и пченицата. Кога е тоа можно, избегнувајте тутунски чад. Доколку ве интересира, прочитајте го и следниот рецепт:
“За затнати синуси и затнат нос – за 2 дена ќе почнете да дишете со оваа смеса за инхалирање”. -Кога синусниот канал е забетониран и не можете да дишете, оваа смеса за инхалирање ќе го пробие за 2-3 дена. Понекогаш синусите толку можат да се воспалат и затнат, што дишењето е оневозможено, особено навечер при спиење.
Се будите ненаспани и оваа состојба преминува во хронична, бидејќи веќе ниеден спреј не ви помага или веќе сте станале зависни од нив. Слузокожата во носните ноздрви е многу нежна со површински капилари, па лесно може да дојде до нивно пукање.
Особено силното дување не се препорачува кога постои опасност од инфекција, кога лесно може да премине и на увото. Затоа, следете ги упатставата за приготвување на оваа смеса за инхалирање и за само неколку денови ослободете се од тегобите и главоболките и почнете да дишете нормално.
Потребни состојки: 1 литар вода, 2-3 компири, 1 бела репка (онаа со розеникава нијанса, а може и црна), 1 шака камилица, 1 шака корен од бел слез. Постапка: Зеленчукот убаво измијте го и исечете го на парчиња без лупење. Ставете го вода заедно со камилицата и слезот, најдобро е да бидат домашни, но ако немате, може и купечки.
Ставете на оган сето заедно да зоврие колку малку да омекне, па инхалирајте се со оваа пареа колку можете. После инхалација не смеете да излегувате надвор ниту да седете на провев со отворен прозор. Истата оваа смеса и течност сочувајте ја, со неа можете да се инхалирате и следните неколку денови, само претходно загрејте ја.
Ќе почувствувате како секретот од синусите омекнува и за 2-3 дена ќе ви протече низ нос. Во овој период многу е важно да правите гаргарење со солена вода додека да се исчистите целосно. ожете да напивете и спреј за нос со солена вода и честопати во текот на денот да го прочистувате носот.