Ова е од оние пити кои можете секој ден да ги јадете без грижа на совест, бидејќи многу е здрава. Се приготвува многу брзо и лесно, само ги мешате сите состојки, ги излевате во тепсијата и печете. Можете да ја јадете топла или ладна, еднакво е вкусна. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): околу 300 г исчистен спанаќ (само листови), 2 јајца, 100 г свежо сирење (може и по избор), 50 г кисела павлака, 150 мл јогурт, 100 мл млеко, 1 чаша (од 200 мл) пченкарно брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), брашно по потреба, сол, масло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2 – на Том Филос): 6 јајца, сол, 150 мл масло, 150 мл јогурт, 200 г брашно, 15 г прашок за печиво, 200 г сирење, 150 г блитва/спанаќ

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА (рецепт 1): Најпрво добро измијте го спанаќот, лист по лист, па исечете го на тенки лентички, малку посолете го и оставете така да отстои половина час. После тоа добро исцедете го од вишокот вода.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте кисела павлака, издробено сирење, јогурт, млеко и посолете по вкус. измешајте да се изедначат состојките. Во оваа смеса додајте го спанаќот, па пченкарното брашно, прашок за печиво и брашно по потреба (да се добие смеса малку погуста од онаа за палачинки).
![]()
![]()
![]()
![]()

Добро измешајте. Плехот во кој ќе печете (помал или со средна големина) намастете го со масло, па излејте ја приготвената смеса и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути, во зависност од рерната. Кога ќе се испече покријте го со кујнска крпа 5 минути за да омекне малку.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА (рецепт 2): Во подлабок сад изматете ги пенасто јајцата со малку сол. Додека матите со миксерот постепено додајте го маслото во тенок млаз, а потоа на ист начин додајте го и течниот јогурт.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте го брашното просеано заедно со прашокот за печиво. Повторно изматете со миксерот додека да добиете мазна смеса без грутчиња. Додајте го ситното сирење и ситно исечканата блитва, па промешајте со лажица.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата излејте ја во плех (25х25 см) со средна величина, намастен со путер/маргарин, и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

































