Ова е многу вкусен десерт за чие приготвување ви се потребни само неколку состојки, а готов е за многу кратко време.

Потребни состојки:

200 г мелени бисквити
3 лажици растопен путер
4 полни лажици нутела + 3 лажици за премачкување
млеко по потреба (50-100 мл)
3-4 лажици изматена слатка павлака
1-2 банани

За декорација: нутела и бело чоколадо или по желба

Постапка:

Бисквитите сомелете ги. Путерот растопете го и оставете го малку да подизлади. Во еден сад ставете ги мелените бисквити, па во нив додадете 4 полни лажици нутела и растопен путер, па убаво промешајте за да се изедначи смесата.

Постепено додавајте по малку млеко, по потреба за да на крај добиете ровко тесто кое може да се формира.

Смесата префрлете ја врз проѕирна фолија, покријте ја со друго парче фолија и со помош на оклагија формирајте кора со форма на правоаголник. Смесата е ровка, па може да си помагате со раце.

Врз половина од кората нанесете шлаг од изматена слатка павлака и убаво распоредете. Врз втората половина од кората премачкајте 3-4 лажици нутела. Ставете излупена банана, па со помош на фолијата започнете да го виткате ролатот.

Свиткајте го убаво ролатот и оставете го во фрижидер на најмалку два часа за убаво да се стегне. Потоа одвиткајте го од фолијата, па премачкајте го целиот со нутела и декорирајте со бело чоколадо или по желба.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: