Карамелизираниот шеќер, млекото и маста се состојките со кои се приготвува напитокот од нашето детство.
Тоа е стар рецепт кои нашите загрижени баби и мајки ни го приготвуваа секогаш кога ќе започневме да кашламе и да ги чувствуваме првите симптоми на грип.
Веруваме дека многумина од вас го пиеле овој лековит напиток во детството.
Постојат 3 начини за приготвување на овој напиток:
1.Шеќер, млеко и маст (свинска или гускина)
Во еден сад карамелизирајте 2 лажички шеќер, па додадете млеко и мешајте додека да се растопи карамелот.
Потоа додадете лажичка маст и пијте го полека, во голтки додека е топло.
2.Млеко, маст и мед:
Млекото ставете го да зоврие до вриење, а потоа додадете маст. Кога напитокот малку ќе подизлади, додадете лажица мед. Се пие пред спиење. Ако чувствувате грозница, најдобро е убаво за да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш после овој напиток.
3.Шеќерот, млекото и гранче жалфија
шеќерот карамелизирајте го, а потоа додадете млеко. Додека млекото уште врие, во него ставете гранче жалфија, па после неколку минути тргнете го од оган. Процедете и пијте го додека е топло.
Бидејќи ова се стари народни рецепти, постојат многу варијанти за приготвување. Споделете со читателите на НМД.мк кој е вашиот рецепт?