Ако сте љубители на колачите со банани, пробајте го овој рецепт кој е совршен, буквално таков каков што е. Колешката на работа имаше донесено еден сличен колач, многу ми се допадна и веднаш си го запишав рецептот. Додека го подготвував истиот ден дома, добив неколку идеи за како би можела да го подобрам вкусот на колачот.
И да ви кажам, не згрешив што ескпериментирав, бидејќи излезе со фантастичен вкус. Колачот е целиот во крем, а притоа изгледа и многу декоративно, што е одличен и за некои посвечени настани или кога ќе ви дојдат некои гости. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВ БИСКВИТ: 3 јајца, 3 супени лажици топла вода, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 лажици шеќер во прав, 1 мала лажичка прашок за печиво, 3 лажици остро брашно. ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: 4 јајца, 4 супени лажици топла вода, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 лажици шеќер во прав, 1 мала лажичка прашок за печиво, 4 лажици остро брашно.
ЗА ФИЛОТ: 1200 мл млеко, 2 пудинзи од банана или ванила, 4 супени лажици гриз, 7 лажици шеќер во прав, 2 кесички шлаг, малку екстракт со вкус на банана (ако користите пудинг од ванила), 1 сок од лимон, 8-10 банани. ЗА ГЛАЗУРА: 3 кесички шлаг.
ПОСТАПКА: Печете ги бисквитите 1 и 2 од состојките за бисквит. Состојките за двете бисквит кори се многу слични, така што можете да ги подготвувате наизменично, со внимание да ставите точна количина од секоја од наведените состојки. Можете да ги изматите смесите со миксер (јајцата), а кога ќе додадете брашно и прашок за печиво, преминете на мешање со шпатула.
Формирајте течни и еднолични смеси, без грутчиња. Излејте ја првата смеса за бисквит во среден плех и печете на умерена температура од 180 степени, во претходно загреана рерна, околу 15-20 минути. Кога ќе се излади, бисквитот 1 исечете го на ленти.
На истиот начин подгответе го и вториот бисквит за печење. Бисквитот 2 може да остане во тавата каде што се печел, но и не мора, може да биде на плехот на кој ќе се служи. ЗА ФИЛОТ: Гризот, пудингот и шеќерот се мешаат со мала количина од млекото, а поголемата количина се става да зоврие на рингла (околу 1 литар).
Кога млекото ќе зоврие, се додава смесата со млеко и суви состојки и сѐ се вари приближно 5 минути, на ниска температура, додека да се формира крем со потребната конзистентност. Постојано мешајте го кремот, додека се вари, за да не ви загори.
Филот се остава да се излади, се додава убаво изматениот шлаг и се меша во едноличен крем. Бисквитот 2 натопете го малку со млеко за да не е сув, ставете банани една до друга, исечете ги по должина на половини. Исцедете го сокот од лимон и посипете малку врз бананите, за да не потемнат.
Над бананите ставете половина од филот кој го подготвивте. Врз филот ставете ги лентите од пандишпанот 1 со малку простор измеѓу нив. Над лентите ставете ја другата половина од филот. Кога ќе завршите со премачкување и измазнување на филот на тортата ставете добро изматен шлаг како декорација.
ПОСЛУЖУВАЊЕ: Добро изладете ја тортата пред да ја послужите. Најдобро е да ја чувате на ладно минимум 24 часа, па потоа послужете ја со сечење на коцки. Добар апетит. / Сoolinarka.сom