Потребни состојки:

400 г меко брашно

40 г квасец

50 г шеќер

½ лажичка сол

125 мл млако млеко

200 г путер

1 ванилин шеќер

останато:

Рендана кора од 1 лимон

Рендана кора од 1 портокал

Сок од ½ лимон

1 лажичка ракија

350 г суво овошје мешано

100 г лупени и сечкани бадеми

И уште:

300 г путер/маргарин

500 г шеќер во прав

Постапка:

Сувото грозје (суво овошје по избор) измијте го во топла вода и исцедете. Бадемите излупете ги и исечкајте ги.

Во еден сад просејте го брашното, додадете сол, па во средината направете вдлабнување и во него издробете го квасецот, додадете шеќер, млеко, па направете квас.

Додека квасецот се активира, растопете го путерот во кој сте додале ванилин шеќер, па додадете квасец и сето заедно добро измиксајте го со спирални продолжетоци да се добие меко, убаво тесто.

Во тестото додадете го исцеденото суво грозје, сечканите бадеми, ренданата кора од лимон и портокал, лимонов сок и малку ракија. Сето добро замесете го и оставете покриено на топло да надојде околу 40 минути.

Потоа тестото премесете го, обликувајте го и ставете го во намастен калап. Оставете уште 15 минути да стои на топло.

Печете еден час во загреана рерна на 180 степени.

Печеното лепче уште додека е топло премачкајте со путер и обилно наросете со шеќер во прав.