Фото и рецепт: Елизабета Бети
Потребни состојки:
1 кг урда
300 г ореви сечкани
Магдонос сечкан
Гамбички
Постапка:
Мини бабурите (гамбички) се посолуваат и се оставаат да отстојат еден час, а потоа се полнат со урда измешана со ореви и магдонос. Се редат во тегли од кило, а потоа се прелеваат со мешавина од масло и бело вино во однос 50:50 (пола-пола).
Теглите се провриваат околу 5 минути за да се вакумираат.
Во урдата кој сака може да додаде и сечкано лукче.