Преубава салата од зеленчук, мајонез, јајца и кисели краставички. Филувана во проѕирен сад изгледа многу декоративно а може да се приготви во неколку помали садови или еден поголем.
Потребни состојки:
4 компири со средна величина
400-500 г морков
6-7 кисели краставички
6 јајца
1 главица виолетов кромид (може и црвен, праз или младо кромитче)
200 г кашкавал
300 г салама по избор
300 г мајонез
100 г кисела павлака
1 лажичка сол
Црн пипер
Китка магдонос
Видео: