Ќе ви претставиме неколку варијанти за приготвување на оваа многу вкусна торта, која многумина ја нарекуваат „кралица на родендените“, не само поради нејзиниот изглед, туку и поради раскошниот вкус во кој ќе се уверите доколку ја приготвите.

Според тежината на приготвување, би ја сврстиле во средно „тешки“ или ако сакате, средно „лесни“ торти за изработка, бидејќи сепак, потребно е да испечете три кори, а притоа нема многу да се помачите околу изработката на тестото или кремот, пишува НМД.мк

РЕЦЕПТ 1 ЗА МИЛКА ТОРТА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Кора: (х3) 3 белки, 3 лажици шеќер, 50 г мелени лешници или ореви и ½ лажица брашно

ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 9 жолчки, 100 г шеќер, 3 лажици брашно, 3 пудинг од ванила, 300 г млечно чоколадо со сечкани лешници, 300 г бело чоколадо, 250 г путер или маргарин и 500 мл слатка павлака за шлаг

ПОСТАПКА за приготвување на корите: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе добиете цврст и сјаен шаум, со лажица додајте го брашното и мелените лешници.

одвојте ги во посебни садови белките од жолчките

Промешајте со лесно превртување на снегот од долу кон горе, притоа внимавајќи да се задржи воздушноста на смесата. Потоа смесата рамномерно распоредете ја во калап за торти со мобилен обрач. Израмнете. Испечете ги корите во претходно загреана рерна на 180 степени.

матете околу 5 минути

ПОСТАПКА за приготвување на кремот: Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да згусне. Потоа додајте го брашното и прашакот за шпудинг, а по потреба додајте и малку млеко.

Убаво промешајте за да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие. Малку додајте од врелото млеко во изматените жолчки и матете (во тенок млаз додавајте врелои млеко додека матите).

пенасто изматете ги жолчките

Потоа целата содржина вратете ја во тенџерото со остатокот од млекото и вратете на рингла за да се свари кремот. Мешајте непрекинато додека да добиете фин густ крем без грутки. Кремот поделете го на два дела.

Во првиот дел додајте искршено чоколадо со лешници и веднаш промешајте за да се растопи и инкорпорира во кремот додека тој е врел. Во вториот дел од кремот додајте бело чоколадо и исто постапете како и за првиот дел.

Мешајте додека чоколадото убаво да се растопи. Потоа и двете креми оставете ги да се оладат со повремено промешување, или покријте ги со проѕирна фолија за да не фатат коричка. Во оригиналниот рецепт има и шлаг, но јас ретко го ставам.

Кога кремите ќе изладат, во секоја од нив додајте по половина од путерот кој претходно  пенасто сте го изматтиле, па премачкајте ги корите. РЕДЕЊЕТО ОДИ ВАКА: кора – крем – шлаг, но јас не ставам шлаг, туку само на врвот (кора-1 фил-кора-2 фил-кора-шлаг). Украсете по желба. / Сооlinarika.com

РЕЦЕПТ 2 Мека, сочна, кремаста МИЛКА ТОРТА која сите ја сакаат

Навистина преубава комбинација од лешник и фин чоколаден крем кој никого не го оставила рамнодушен. Ова е мека, сочна и кремаста Милка торта која сите ја обожуваат. Тортата буквално се топи во уста, а се приготвува многу брзо и лесно.

Потребни состојки: 7 белки, 6 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 150 г лешници, 50 г мелени бисквити и 1 лажичка прашок за печиво. За филовите: 7 жолчки, 3-6 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 800 мл млеко, 40 г пудинг од ванила, 4 лажици брашно, 125 г путер, 160 г милка со лешник, 160 г бело чоколадо. За приготвување ќе ви биде потребен и плех со димензии приближно 34х39 см.

постепено додавајте го шеќерот во белките

Постапка: Седум белки пенасто изматете ги со миксер, додајте 10 г ванилин шеќер, 6 лажици шеќер и продолжете да матите додека да добиете цврст снег. Намалете ја брзината на миксерот и додајте 150 мелени лешници, 1 лажичка прашок за печиво и 50 г мелени бисквити.

Смесата рамномерно распоредете ја во плех обложен со хартија за печење, со димензии 34х39 см и израмнете. Ставете да се пече 10-15 минути во загреана рерна на 200 степени. Печената кора извадете ја и покријте ја со влажна крпа.

За фил: Половина литар млеко ставете на оган. Седум жолчки со 10 г ванилин шеќер и 3-6 лажици шеќер изматете ги со жица и додадете млеко и промешајте. Додајте 40 г прашок за пудинг и малку млеко, па повторно промешајте. И на крај додајте 4 лажици брашно и преостанатото млеко, па промешајте уште еднаш, да нема грутчиња.

пенасто изматете ги жолчките

Оваа смеса постепено додадете ја во завриеното млеко со постојано мешање додека да згусне. Температурата намалете ја и внимавајте да не ви загори. Сварениот крем поделете го на два еднакви делови.

Во едниот сад додадете 160 г милка чоколадо со лешник, а во другиот 160 г бело чоколадо. Промешајте додека да се растопат чоколадите. Завиткајте ги со проѕирна фолија и оставете ги да изладат. Во двата дела додадете по 60 г путер и изматете пенасто со миксер.

Кората префрлете ја врз даска за сечење и отстранете ја хартијата за печење. Потоа исечете ја на три еднакви дела. Редење: кора, жолт крем, кафеав крем, кора, жолт крем, кафеав крем, кора, жолт крем одозгора, а кафеавиот се нанесува од страните. Се декорира со шлаг или по желба. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.