Овој микс од три состојки честопати се користи за подобрување на крвната слика, за нормализирање на крвниот притисок и што е најважно, за прочистување на црниот дроб.

Потребни состојки:

1 цвекло

4 портокали

2 моркови

Постапка:

Намирниците се мијат убаво, се лупат и се сечкаат. Се ставаат во блендер, се миксаат додека да се добие изедначена смеса. Доколку сакате можете да ставите повеќе портокали или моркови, или пак еден портокал да го замените со целер кој изобилува со витамин Ц. Консумирајте веднаш.

Ако сакате да ја засладите смесата користете природни засладувачи.

Ако имате повисоко ниво на шеќер во крвта, напитокот консумирајте го пред оброк за да се лимитира ослободувањето на глукоза во крвта.

ПОРТОКАЛИТЕ се богати со витамин Ц и флавоноиди, вид на антиоксиданти.

ЦВЕКЛОТО содржи тиамин (витамин Б1) но исто така содржи антиинфламаторни антиоксиданти, како и минерали како што е манганот и нитрати. Антиоксидантите содржани во цвеклото помагаат против воспаленија и го елиминираат оксидативниот стрес. Се препорачува и за регулирање на висок крвен притисок и атеросклероза.

МОРКОВИТЕ исто така, имаат антиинфламаторни својства и содржат минерали како железо, калиум и магнезиум, витамин А и каротени. Витаминот А значително го подобрува видот, косата и ноктите.