Доктор се пофали дека самиот се излекувал со исхрана, после 20 години борба со артритисот!
Момо Вујисиќ, доктор по биохемија, врвен научник и вонреден професор на американскиот Универзитет Ново Мексико, псоле 20 години борба успеал да ги победи парализирачките болки и својот професионален живот да го посвети на спречување на хроничните болести со помош на цревниот микробиом.
Приказната на Момо Вујисиќ, основач и директор на прочуената амриканска компанија “Виоме” ќе беше само една од многуте за долгогодишната борба со ревматоидниот артритис, но за среќа, после цела година истражување, пронашол “игла во сено” – како што тој вели.
-Мојата здравствена трансформација се случи пред основањето на “Виоме” и ја зацврсти одлуката да ја напуштам академската работа и да основам компанија. На почетокот од 2015 година веќе го трасирав патот кон основање на “Виоме”. Знаев дека тоа ќе биде следното поглавје на мојот живот: спречување на хроничните болести со помош на цревниот микробиом – истакнува д-р Момо Вујисиќ.
Во својата исповед тој детално опишува како изгледало неговото излекување.
-Со артритисот се борев 20 години, од мојата 20- до 40-тата година од животот. Нападите ми се јавуваа во бранови, но мојата состојаба се влошуваше од година на година.
Понекогаш болките во зглобовите ме измачуваа по неколку денови, а потоа се чинеше дека состојбата малку се подобрила. Сепак, недолго потоа, болките ќе се вратеа уште посилни од претходно и со секој нов бран траеја се подолго.
Покрај болките и отоците на зглобовите поврзани со артритисот, имав и модринки, синдорм на карпален тунел и трпки во нозете и рацете. Операцијата на карпалниот тунел само ми ги ублажи симптомите и тоа траеше само неколку месеци.
Со години морав рацете да ги држам во мраз откако за само кратко време ќе носев некој лесен терет. Наутро зглобовите на рацете толку ми чкрипеа што не можев да го подигнам ниту лаптопот пред да се истуширам.
За да си ја олеснам состојбата и да си помогнав, испробував разни диети: на малку јагленихидрати, без јаглени хидрати, со висок процент на масти, со висок процент на протеини, вегетаријански, без млечни производи, без црвено месо, без глутен. Иако бев уверен дека мојата состојба може да се излекува на природен начин, сепак, по толку време станував очаен и уплашен, па одев по лекари.
Ми правеа тестови на крвта и генетски тест со што ми утврдија дека имам ран анкилозантен спондилитис. Ми рекоа дека за неколку години ќе завршам во инвалидска количка ако не почнам да ги користам препорачаните лекови.
Ми препишаа четири лека кои имаа сериозни несакани ефекти. Условија инконтиненција и веројатно ќе ми ги оштетија бубрезите и црниот дроб во рок од само неколку години, доколку продолжев да ги земам. А тоа сигурно ќе доведеше до земање на нови дополнителни лекови. Два дена земав само два од тие лекови, и брзо сфатив дека тие уште побрзо ќе ме доведат до инвалидска количка, кислород и уште таблети.
Како научник, не можев да го прифатам овој фармацевтски пристап. Бидејќи артритисот и другите симптоми веројатно беа последица од хронично воспаление со понизок степен, подробно започнав да ги истражувам потенцијалните прехрамбени причини за оваа состојба.
Со години немав ништо пронајдено, но додека бев на одмор во декември 2014 година, прочитав нешто што ми го промени животот. Имено, во трудот беше опишан имунолошкиот одговор на ниското ниво на шеќер кој се наоѓа во животинските производи и кој може да предизвика хронично воспаление од низок степен кај луѓето. Оваа статија насловен како “Гликаните добиени од црвеното месо предизвикуваат воспаление и прогресија на ракот” од д-р Ајита Варкија, всушност ми го спаси животот.
Студијата претпоставуваше дека честото воспление кај некои луѓе би можело да биде причините од консумирање на животински производи. Со месото во организмот се внесува неспецифичен шеќер кој може да предизвика воспаление. Шеќерите се исклучиво благо имуногени, што значи дека нема да предизвикаат акутна реакција во телото, туку умерено хронично воспаление. Фактот дека имам воспаление од ниско ниво ме доведе до потоа да ги подигнам веѓите и да помислам – би можело тоа да е тоа!
Во февруари 2015 година престанав да консумирам било какви животински производи (црвено месо и млечни производи) и месец дена подоцна симптомите значително ми се подобрија. Тоа беше знак дека сум на добар пат и дека го најдов решението по кое трагав толку време.
После само 3 месеци телото речиси целото ми оздраве – овде говорам за целосен пресврт на симптомите. И конечно, после шест месеци откако престанав да ги јадам сите животински производи, се чувствував како повторно да имам 20 години – беше неверојатно.
Научникот во мене мораше да биде сигурен дека овие намирници се причина за мојот артритис, а не некоја луда случајност. Оттогаш трипати ја тестирав својата хипотеза. Секојпат кога ќе јадев црвено месо или млечни производи, симптомите на воспалението ми се враќаа. И трипати ми беше доволно за да се уверам. Не планирам повторно да го вклучам црвеното месо или млечните производи во својата исхрана, бидејќи се чувствувам многу, многу подобро и планирам да останам во таа состојба.
Претпоставувам дека има многу луѓе кои како мене станале чувствителни на животинските производи. За жал, ова истражување не е доволно познато и многумина треба да слушнат како на нив влијае овој шеќер кој го содржат голем број животински производи.
ШТО Е МИКРОБИОМ
Дали знаевте дека микробиом е “Супер организам” кој генетски го надминува целото човечко суштество? Генотипот на нашиот организам е составен од 99% бактерии, габи и паразити. Само 1% од она што го носиме е хуман генетски материјал. Здравата цревна флора е апсолутен и единствен предуслов за долг и здрав живот. Бактериите во нашиот цревен тракт имаат голем број различни улоги.
Тоа се: синтеза на витамини, невротрансмитери и аминокиселини, потоа метаболирање на храната, лековите, а важни се и во процесот на складиштење на мастите. Директно учествуваат во активација на правилната функција на имунитетот, како и бројни други процеси во организмот. Денес сè уште не е познато за што сè се одговорни тие наши микропотстанари. А ги нарекуваме едноставно – микробиом.