Мевлем за хемороиди, артритис, попуштени вени, рани и други кожни заболувања од цветови на глуварче
Потребни состојки:
300 г прочистена несолена маст
40 г цветови од глуварче
Постапка:
Во еден сад загрејте 300 г маст, па кога ќе се растопи и загрее додаjте 40 цветови од глуварче. Добро промешајте и тргнете од оган. Оставете преку ноќ на собна температура.
Следниот ден загрејте колку да може смесата да се процеди.
употреба:
Приготвената маст се мачка преку хемороидите (ако се надворешни), а за внатрешни хемороиди се прават чепчиња на следниот начин:
Парче памук се натопува во млака смеса и се остава да излади.
Мевлемот од глуварче лекува:
-хемороиди
-попуштени вени
-болки во мускулите
-артритис
-рани на кожата
МЕВЛЕМ ПРИГОТВЕН ОД МАСЛО, ПЧЕЛИН ВОСОК И ЦВЕТОВИ ОД ГЛУВАРЧЕ
Потребни состојки:
-цветови од глуварче
-масло (маслиново, бадемово, сончогледово)
-пчелин восок
-етерично масло од лаванда
Постапка:
Свежите набрани жолти цветови од глуварчето убаво се распоредуваат на бела хартија да преноќат. Следниот ден ја полните теглата најмалку ½ до ¾ .
Големината на теглата зависи од количината на набраните цветови. Долевате со некое ладно цедено масло: маслиново, бадемово или сончогледово.
Теглата ја ставате во поголем сад со врела вода да врие на умерен оган неколку часа. Изладеното масло го прецедувате и го мерите количеството. На секои 100 мл масло се додаваат 15 г пчелин восок.
Постапката ја повторувате: tеглата со масло и пчелин восок ја ставате во поголем сад со врела вода, се додека да се растопи восокот.
За поголема ефикасност и смирувачко дејство можете да додадете и неколку капки, етерично масло од лаванда.
Кога мевлемот е готов, уште топол го претурате во соодветни садови.