Во антички Рим се верувало дека невенот за првпат никнал на гро бот на Веста, божицата на оганот, домот, г невноста, смиреноста и дисциплината која по чинала од тага, не-среќна поради неостварената љубов со римско момче.




Сепак, науката покажала дека оваа прекрасна легенда за забранетата љубов не е точна и дека ова растение потекнува од Индија. Невенот (Calendula officinalis) е едно од најчесто користените растенија во фитотерапијата, народните обичаи и м агијата на народите ширум светот.




Како резултат на сложениот состав, невенот се користи за лекување на широк спектар на болести. Невенот содржи значителна количина на флавоноиди благодарение на што има антиинфламаторно дејство.




Содржи тритерпен сапонозиди, танин, гликозид каледулозид, картеноиди, малку есенцијално масло со непријатен мирис и неколку органски киселини исто така се пронајдени во ова растение.




Невенот е неопходна состојка за лекување на проблемите со дигестивниот тракт. Лекува ра-ни на стомакот и дуоденумот, ја нормализира функцијата на црниот дроб и лачењето на жолчката.




Благодарение на антиинфламаторното дејство на флавоноидите, ова растение го смирува воспалението на дебелото црево. Присуството на танини и слуз се користи за ублажување на блага дијареа.




Откриено е дека ова растение има способност да ги прочистува кр-вните садови, да ги релаксира и да го намали нивото на холестерол во кр-вта, особено во комбинација со глуварче, глог или каранфилче.




Најновите истражувања покажале дека невенот го намалува кр-вниот притисок и има благ с едативен ефект затоа што ги релаксира кр-вните садови и го зголемува луменот, па затоа се препорачува и за ангина пекторис.




Невенот е добар хербален спазмолитик бидејќи ги ублажува гр-чевите. Оваа карактеристика се рефлектира на многу начини во телото: ги ели-минира гр-чевите во матката и доведува до ослободување од б олна мен-струација. Исто така, ги ублажува гр-чевите на респираторниот тракт и е корисен при астма.




Благодарение на содржината на провитамин А, невенот има корисен ефект врз окото и го подобрува видот. За таа цел, невенот се користи за надворешна и внатрешна употреба.




Невенот има исклучително корисен ефект врз кожата. Се користи против изго-реници, ра-ни и см-рзнатини. Поради присуството на провитамин А, корисен е кај псоријаза. Во народната медицина, оваа билка се користи за правење бројни масти против сува и влажна кожа, егзема и првут.




Стимулира формирање на нови клетки, го отстранува г нојниот исцедок и се користи за регенерација на коренот на ноктите. Невенот се покажал како исклучително ефикасен лек против габични инфекции, особено кандида.

Предизвикува потење, затоа се користи против треска. Исто така, утврдено е и антивирусно дејство кај невенот. Покрај лековитите својства, невенот е и исклучително декоративно растение. Лесно се одгледува во градината. Цвета од мај до ноември. Во третманот се користи цветот, а поретко цела билка или свежо исцеден сок, што е исклучително корисно за проблеми со кожата.

невен

Чај мешавина за чистење на телото: 20 г невен, 20 г глуварче, 20 г коњско опавче, 10 г бреза, 10 г јаглика, 10 г нане, 10 г анасон. Постапка: Измешајте ги сите билки. Стевете 4 лажици од мешавината во 750 мл врела вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои 1 час.

Процедете и испијте 1 чаша наутро, 1 чаша напладне и 1 чаша навечер, засладен со мед по желба. Овој чај се препорачува да се пие двапати годишно во пролет и есен во период од еден месец.

Мешавина од билки – чај против настинка: 20 г бозел, 20 г липа, 20 г невен, 20 г мајчина душица, 20 г шипинка. Постапка: Измешајте ги сите билки. Ставете една лажица од мешавината во чаша врела вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Чајот пијте го топол.

Мешавина од чај против б олна мен струација: 20 г валеријана, 20 г камилица, 20 г невен, 10 г коприва, 10 г вркута. Постапка: Измешајте ги билките и ставете 3 лажици од мешавината во половина литар врела вода, поклопете и оставете да отстои половина час. По изминатото време процедете и испијте. Најдобро е да се започне со овој третман околу 10-тина дена пред почетокот на менструацијата.

Мешавина билки – чај против висок холестерол и затнати к рвни садови: 20 г глог, 20 г невен, 20 г глуварче, 20 г конопиљка (ресник), 20 г лист од боровница.

Постапка: Измешајте ги сите билки, а потоа ставете 3 лажици од мешавината во половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои еден час. Потоа процедете и пијте во текот на денот.

Масло од невен (против ра-ни, лишаи, егзема, хемороиди, изго-реници, г нојни чиреви и габични заболувања на кожата): На суво време, наберете цвеќиња од невен (изберете ги најголемите и оние со најинтензивна портокалова боја). Исушете ги на чиста крпа или хартија околу два до три дена. Потоа наполнете една чиста тегла со овие цветови и прелијте ги со ладно цедено маслиново масло, сусамово или масло од тиква.

Затворете добро и оставете да отстои на сончево место 4 до 5 недели. Потоа, процедете го маслото преку стерилна газа и чувајте го во чисто стаклено шише, на темно и ладно место.

Маст за проширени вени:

Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се стопи, додајте два грста свежи цветови од невен и неколку исушени зелени, трнливи лушпи од див костен. Оставете да запени, а потоа тргнете од шпоретот и мешајте постојано околу 5 минути.

Поклопете и оставете да отстои на ладно место 24 часа. Следниот ден повторно загрејте со постојано мешање додека да се стопи целосно. Процедете низ стерилна газа и претурете во чиста и сува тегла. Да се ​​чува на темно и суво место. Нанесувајте го мевлемот директно на вените секоја вечер.

масло од невен за проширени вени