Маслото од маслодајна репка е многу лековито, па затоа се препорачува во исхраната. Причината за неговата лековитост се крие во изобилството од омега масни киселини, кои имаат поволно дејство врз срцето, а со кои обемно располага ова масло.




Истражувањата покажале дека земањето на 19 грама масло од репка дневно, односно нешто повеќе од една супена лажица, го намалува лошиот холестерол и го намалува ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести.




Предноста на маслото од маслодајна репка во однос на другите здрави масла, како што е маслиновото, е тоа што е термостабилно, а се препорачува да се користи за печење и приготвување на храна, како и за зачинување на салатите.




Поради неговите хранливи состојки и нутритивни вредности, ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти. Има големата содржина на витамин Е – до 45 милиграми во 100 грама производ.




А, одлично е и што ги содржи во поголема мера и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, затоа што самиот не може да ги синтетизира. Ладно цеденото масло од репка или канола масло се добива од црното семе на растението репка – Brassica napus, кое произведува сончево жолти цветови на пролет.




Ладно цеденото масло од маслодајна репка го зајакнува имунолошкиот систем, го обезбедува телото со енергија и помага за превенција од кан-цер. Овие придобивки се благодарение на неговиот состав, кој е богат и многу корисен за организмот.




Значајна карактеристика на ладно цеденото масло од маслодајна репка е тоа што има поголема количина на омега 3 масни киселини отколку било кое друго масло. Омега 3 масните киселини го намалуваат нивото на холестерол, помагаат при воспаленија и играат голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот.




Маслото од репка содржи омега 6 масни киселини кои помагаат во намалување на нивото на холестеролот во кр-вта, во одржувањето на здравјето на косата, ноктите и кожата, како и во подобрување на имунолошкиот систем.




Исто така ова здраво масло, содржи и омега 9 масни киселини, кои помагаат во развојот на мозокот кај неродените деца и имаат клучна улога во подобрување на имунитетот. Освен тоа, важни се за превенција за кан-цер.

Научно е докажано дека рамнотежата на омега 3, 6 и 9 масните киселини, има многу здраствени придобивки за човечкото тело, како што е намалување на нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести.




Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант, а ова масло го има во голема колична. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на cepиозни заболувања како што се срцевите болести и кан-цер.




Витаминот Е му помага на телото во создавањето на црвени кр-вни клетки, овозможува подобро искористување на витаминот К, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми.

Исто така, тој е значаен витамин кој му помага на телото во борбата со кан-церогените, срцевите заболувања и инфекциите. А, една од функциите на витаминот Е е да го регулира нивото на витаминот А во телото.