Метеоролозите Славчо Поповски и Костадин Павлов најавуваат поларни температури.
-Почитувани граѓани, територијата на Македонија веќе целосно потпадна под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од северните географски широчини.
Во текот на денот, услови за провејување на снег ќе има во северната половина од државава додека навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) ќе има намалување на облачноста.
Токму поради намалување на облачноста утре (среда) наутро ќе биде МНОГУ студено со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштат во интервалот од -12 до -3 степени, додека на планинските места во државава истите ќе се спуштат дури до околу -20 степени.
Студеното време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден (среда), па така, температурите на воздухот на некои места ќе се задржат во негатива.
НАПОМЕНА: Доколку излегувате, со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесете топла облека, односно капа, шал и нараквици.
За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба, следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ.