Потребни состојки:

1 кг месо по желба

Неколку големи компири

1 голема главица кромид

2 големи моркови

4 чешниња лук

Малку масло

100 мл бело вино

Сол, црн пипер, вегета, 10-тина листови свежа бела зелка

ПОСТАПКА:

1.Месото шпикувајте го со лукче, прелијте со масло и втријте ги зачините.

2.Компирот излупете го и исечете го надолжно, полијте со масло и ставете го на дното од тавата. Исчистениот морков исечете го на крупни парчиња, кромидот исто така и наредете го покрај кромидот.

3.Врз компирот ставете го месото.

4.Прелијте со вино.

5.Се’ покријте одозгора со два реда листови зелка.

6.Поклопете (ако немате капак добро затворете со неколку слоеви алуминиумска фолија) и печете на 220°C околу 2 часа.

7.Потоа извадете од рерна и отстранете го горниот слој поцрнети листови зелка кои „дехидрирале“ и нивната течност ја впило месото и зеленчукот – останува супер сочно!

8.Долниот слој листови зелка се совршено испечени и многу вкусни.

Послужете со салата по желба и црн леб.