Фото и рецепт: Нихада Мајсториќ

Здраво, овој мевлем го правам редовно, првпат го направив со маслиново масло и со билката дивизма, а овојпат со мед, прополис и алое вера, заедно со восок за да се соедини.

Мене овој мевмем ми ги спаси маките наречени хемороиди и на сите им го препорачувам. Не е скап ниту е комплициран за приготвување. Овојпат направив двојна доза и за мои блиски луѓе зошто излезе дека на повеќемина им е потребен, а не само на мене. Еве го рецептот:

Потребни состојки:

1 лажица мед
1 лист алое – сок или гел (има подобро дејство, но ако не можете да најдете направете го без него)
25 мл прополис капки
50 г пчелин восок
50 мл маслиново масло

Постапка:

Во емајлиран сад ставете масло, па додајте го иситнетиот восок. Ставете на тивок оган да се растопи, па тргнете настрана и повремено мешајте со дрвена лажица додека да излади.

Медот, прополисот и сокот од алое добро промешајте ги во стаклен сад. Потоа додајте ги во изладената смеса од масло и восок и сето убаво промешајте за да се изедначи.

Добиениот мевлем складирајте го во соодветен сад или во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Употреба: неколку пати на ден се мачка добро измиеното и исушено болно место. Кога хемороидите ќе се повлечат се мачка по потреба или превентивно.

Фото и рецепт: Нихада Мајсториќ