Меленото месо во тегла трае со години без фрижидер…Рецепт за сочувување на месото за зимница…
Спремете го на овој начин и ќе си имате готово јадење, ќофте во сос или плескавици во сос, или мелено месо кога и да посакате во текот на целата година…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,5 кг свинско мелено месо
1 полна супена лажица свинска маст
1,5 лажичка сол
Растопете маст во тигањ и пропржете го меленото месо додека да ја смени бојата. Посолете и пржете го 10 минути. Веднаш додека е топло складирајте го во тегли. Врвот на теглите пребришете го со оцет и затворете ги со чисти капаци.
Теглите ставете ги во експрес лонец и залијте 1 литар топла вода. Затворете го капакот и намесете го да достигне температура од 120 степени Ц.
Ставете на оган и од моментот на зовривање гответе 90 минути. Потоа извадете ги и оставете ги да се оладат.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 главици кромид, ситно сечкани
1 чешниња лук, ситно сечкани
1 кг мелено месо
2 јајца
1/2 лажичка сол
1 лажичка сув мешан зачин
1 лажичка црвен пипер
црн пипер по вкус
3 супени лажици лебни трошки (презла)
И уште:
1 лажица брашно
1 лажичка црвен пипер
500 мл доматен сос
500 мл вода
1 лажичка сув мешан зачин
црн пипер по вкус
Во секоја тегла по 1 лажица бел оцет 9%
Од смесата обликувајте топчиња и испржете ги по 3 минути од секоја страна. Во истото масло додајте 1 лажица брашно, и пропржете 20 секунди. Потоа додајте 1 лажичка црвен пипер и кратко пропржете да се соедини со брашното.
Сипете ги доматниот сос и водата, зачинете по вкус и гответе уште кратко, па наполнете ги теглите. Во секоја тегла сипете по лажица оцет и додека се топли затворете ги со чисти капаци.
Теглите ставете ги во тенџере на чие дно сте ставиле крпа, па залијте ги со вода до висина на капаците. Од моментот кога ќе зоврие варете ги 3 часа на умерена температура. Потоа извадете ги и оставете ги да се оладат.
Вака подготвените ќофтиња во сос имаат рок една година. Пред употреба загрејте ги 10-тина минути на 80 степени.
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,5 кг мелено месо (говедско од плешка)
3 главицо кромид, мелем
1,5 лажичка сол
И уште:
500 мл топла вода
1 говедска коцка за супа
по 1 лажица бел оцет 9% за секоја тегла.
Соединете ги состојките. Капакот од тегла намастете го и користете го како калап за обликување на плескавиците. Пропржете ги на загреано масло колку да заруменат (2/3 да се зготват).
Наполнете ги теглите со плескавици и залијте ги со говедски булјон (1 коцка растворена во 500 мл топла вода). Ставете по 1 лажица оцет и затворете ги.
Теглите ставете ги во тенџере обложено со кујнска крпа, залијте ги со вода до висина на кашаците и од моментот на зовривање варете ги 70 минути. Извадете ги и оставете ги да се оладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: