Ако барате совршени домашни мекици што се меки како душа, лесни, воздушести и не впиваат масло, овој рецепт е вистинскиот избор.
Се подготвуваат брзо и едноставно, со основни состојки што најчесто ги имате дома, а резултатот е како од најдобра пекарница.
Идеални се за појадок, вечера или како топло домашно мезе со сирење, ајвар или мед, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Совршени домашни мекици што не впиваат масло (брз рецепт)

🧾 Потребни состојки
• 10 г сув квасец
• 100 мл млака вода
• 200 мл јогурт
• 1 јајце
• 400 г брашно
• 1 лажица сол
• НМД
• масло за пржење
Мекици меки како душа што не впиваат масло – проверен домашен рецепт со јогурт, брз и лесен за подготовка. Совршени за појадок или вечера.
👩🍳 Постапка
1. Во длабок сад растворете го квасецот во млаката вода и оставете го неколку минути да се активира.
2. Додајте го јогуртот и јајцето, па промешајте додека да се соединат.
3. Додајте го брашното и солта, па замесете меко тесто што не се лепи за раце.
4. Покријте го тестото и оставете го да ферментира околу 2 часа, додека да го зголеми волуменот.
5. Тестото истресете го на намастена работна површина и кратко премесете го.
6. Поделете го на 13 еднакви топчиња.
7. Со благо намастени дланки, секое топче развлечете го во тенка кора.
8. Во тенџере загрејте умерена количина масло и пржете ги мекиците по неколку минути од двете страни, додека да добијат златножолта боја.
9. Вадете ги на хартиена салфетка и послужете ги топли. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































