Рецепт и видео презентација на Том Филос – Пица кифли.
Потребни состојки: 150 мл млака вода, 150 мл млеко, 70 мл масло, 2 белки, 2 лажици густ јогурт или кисела павлака, 3 лажички шеќер, 1 лажичка сол, 10 г сув квасец, 750 г брашно и 75 г растопен и изладен путер. Белките од јајцата пред да ги ставите во смесата, исто така треба да бидат на собна температура.
За фил со вкус на пица ќе ви бодат потребни следните состојки: рендан кашкавал, рендана салама, сечкани маринирани печурки претходно испрани со ладна вода и исцедени и доматен сос или кечап зачинет со оригано, босилек или нешто по ваш вкус.
Постапка: Одвојте ги жолчките и сочувајте ги за подоцна. Во длабок сад за месење ставете 150 мл млака вода, 150 мл млако млеко, 70 мл масло, 75 г растопен путер, малку јогурт, 3 лажички шеќер и 10 г сув квасец. Промешајте убаво со лажица или маталка додека убаво да се растворат состојките.
Потоа постепено започнете да го додавате брашното и една лажичка сол. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, а потоа кога ќе го додадете и остатокот од брашното, замесете со рака додека тоа да стане меко и еластично.
Доколку имате електричен миксер за месење тесто, едноставно ставете ги сите состојки во садот и вклучете го апаратот да го измеси тестото, додека тоа да започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Потоа само истресете го на работна поврпина и уште малку домесете го.
Формирајте топка, а потоа тестото ставете го во намастен сад со малку масло и премачкајте го преку целата површина за да не се суши додека стасува. Покријте го со проѕирна фолија или ќеса и оставете го на собна температура да стасува еден час додека да го удвои својот волумен.
За фил: Во еден длабок сад ставете рендан кашкавал, сечкани печурки, рендана салама и прелијте со малку доматен сос колку да се поврзат другите намирници. Сите состојки добро промешајте ги за да се изедначат. Наместо пица-фил можете да користите урда или ситно сирење.
Стасаното тесто истресете го на работната површина и нежно премесете го колку да формирате валјак. Поделете го на десет еднакви делови, а потоа секој дел формирајте го во топче. Формираните топчиња редете ги набрашнета површина (и покријте ги со кеса или крпа за да не се сушат).
Земете едно топче, малку набрашнете го, па со помош на оклагија развлечете го во тенка долгнавеста кора. На едниот крај ставете фил, па превиткајте ги малку краевите за да не истекува филот при печењето и свиткајте ја убаво кифлата, да биде добро спакувана.
Вака приготвените кифли наредете ги во плех на одредено растојани, бидејќи ќе пораснат при печењето. Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да стасуваат додека да го зголемат волуменот. Потоа одозгора премачкјате ги со мешавина од две жолчки и малку масло.
По желба можете да ги наросете со сусам одозгора, ким или некое друго семе по ваш избор. Вака приготвени ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околи половина час или додека да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.