Совршени пекарски големи кифли подготвени за 15 минути – меки како памук! Подеднакво се меки и следниот ден, ако останат. Рецептот е оригинален, а состојките прецизни. Излегуваат два големи плеха, 36 големи кифли. Рецепт на Ева-Мил.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 200 г путер (за посни кифли користете растителен маргарин), 50 мл масло, 200 мл кисело млеко (за посни-растително), 500 мл млако млеко (за посни растително млеко или вода), 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 50 г свеж квасец.




За премачкување: 1 јајце, 1/2 лажичка сол, малку растопен путер (или масло) и малку путер да се премачка плехот. Ако кифлите ги правите посни тогаш премачкјате ги со вода или со посен мајонез.




ПОСТАПКА: Во малку млако млеко иситнете го квасецот, додајте шеќер и една-две лажици брашно, па промешајте добро да добиете густа течност без грутчиња. Покријте го и оставете го на топло место да се активира квасецот и да запени смесата.




Во просеаното брашно направете вдлабнување во средината, па додајте го активираниот квасец, растопениот и изладен путер, како и сите останати состојки една по една. Имајте во предвид дека за успешна ферментација на квасецот и меко тесто потребно е сите додадени состојки да бидат млаки или на собна температура.




Замесеното тесто треба да биде компактно, мазно и средно меко. Ставете го во некој чист и сув сад, покријте го со стреч-проѕирна фолија и кујнска крпа, па оставете го да стасува околу половина час на топло место додека да ја удвои големината.




Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 36 приближно еднакви делови. Од сите делови формирајте топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути. Потоа на малку набрашнета работна површина развлекувајте ги топчињата со помош на оглагија во елипсовидни кори.




Виткајте ги кифлите (по желба можете да ги засекувате на едната половина за да добијат изглед на гасеница, но не мора). Вака подготвените кифли наредете ги во плех добро намастен со путер/маргарин. Кифлите покријте ги и оставете ги да стасуваат 10-15 минути, додека рерната се загрева на 200 степени.




Потоа секоја кифла премачкјате ја со изматено јајце, наросете малку сол и сусам. Печете ги 15-тина минути или додека убаво да заруменат во зависност од рерната. Веднаш штом ќе извадите од рерна додека сè уште се врели, кифлите премачкјате ги со растопен путер..