Ова е еден од подобрите рецепти кои вреди да си го запишете, бидејќи ќе добиете меки и неверојатно воздушести крофни, без пржење во длабоко масло, туку со печење во рерна. Потребно е само да следите неколку чекори, а под пишаниот рецепт можете да ја погледнете и видео презентацијата.
Крофните се слатко тесто кои со мирисот и вкусот нè враќаат во среќното детство. Без разлика дали ќе ги јадете празни, со шеќер, полнети со џем или чоколаден крем, толку многу се вкусни што сигурно нема застанете само на една. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 320 г брашно, 50 г шеќер, 1/4 лажичка сол, 7 г инстант квасец (1 кесичка), 160 мл топло/млако млеко, 4 супени лажици несолен путер – растопен и подизладен, 2 жолчки, половина лажичка екстракт од ванила, шеќер и растопен путер за наросување
ПОСТАПКА: Во еден посебен сад измешајте 100 г брашно, шеќер, сол и сув квасец. Добро промешајте па додајте го растопениот путер, двете жолчки, екстрактот од ванила, а потоа постепено додајте го и топлото млеко.
Мешајте со лажица или кујнска-жица маталка додека сите состојки да се соединат во компактно, хомогено меко тесто, без грутчиња. Садот покријте го со кеса или најдобро стреч-проѕирна фолија и оставете да се активира квасецот на собна температура околу 10-тина минути.
После активацијата постепено додајте го остатокот од брашното и кога ќе згусне обработете го со рака, околу 5 минути. Треба да добиете меко и еластично тесто кое не се лепи на рака. Покријте го повторно и оставете го да ферментира 40-45-тина минути на топло место без провев.
Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета работна површина, па со помош на оклагија развлечете го во тенка кора со дебелина од еден прст. Со помош на модла или чаша вадете кругови (чашата можете да на набрашнувате пред секој пресек).
Исечените кругови редете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа за да не се сушат и оставете ги уште еднаш да стасаат околу 20 минути, додека рерната се загрева.
Печете ги на 165 степени додека да заруменат. Кога се готови намачкајте ги со растопен путер и валајте ги во шеќер. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.