Многу едноставно се приготвува, а многу е вкусна. Одлична е за вечера со шолја јогурт или кисело млеко.
Потребни состојки:
3 јајца
200 мл кисело млеко
1 прашок за печиво
150 мл млеко
300 г рендан кашкавал
250 г брашно
сол
Постапка:
Сите состојки измешајте ги, излејте во намастен плех и печете околу 25 минути на температура од 200 степени.