МЕК КАКО СУНЃЕР…Колач за 10 минути…вкус кој веднаш ќе ве освои…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
3 лажици масло
100 г брашно
50 г скроб
8 г прашок за печиво
мармалад за премачкување
кокос за посипување одозгора
ПОСТАПКА:
1.Со миксер изматете ги пенасто јајцата заедно со ванилата и шеќерот. Кога ќе згуснат како крем додајте масло и промешајте со жица.
2.Соединете ги сувите состојки: брашно, прашок за печиво и скроб, па во три наврати додајте ги во пенасто изматените јајца. Мешајте рачно и бавно за да остане смесата пенлива.
3.Смесата излејте ја во големиот плех од рерна обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени, приближно 10-тина минути.
4.Од печената кора отстранете ја хартијата и оставете да се олади, па пресечете ја на половина, да добиете две кори.
5.Филување: кора, 3-4 лажици мармалад од кајсии, кора, 2 лажици мармалад (тенок слој), кокос. Сечете коцки и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.