Многу е важно да се излекува опстипацијата, не само поради болките туку и затоа што штетните материи треба да се исфрлат од телото што поскоро. Затоа е важно да се испробуваат природни и нештетни помагала кои не создаваат зависност и не ги прават цревата мрзливи.

Овој џем го нарекуваат медицински или болнички џем.

Причини за опстипација може да бидат премалку движење, стрес, лекови, некои витамини, премалку вода, а може да биде нуспојава на некои други болести.

Иако се чини дека опстипацијата е наивна и безопасна, тоа не е така, особено ако трае со месеци, бидејќи човекот за тоа време не се чувствува пријатно во својата кожа.

Се карактеризира со отежната дефекација и тврда столица. Според статистиките секој десетти човек има ваков проблем.

Опстипацијата е важно да се излечи не само поради болката, туку и поради тоа што штетните материи мора да се исфрлат од телото што поскоро. Затоа е важно да се испробуваат природни и нештетни помагала кои не создаваат зависност и не ги прават цревата мрзливи. Меѓу нив е и овој медицински џем.

Пациентите кои пателе од тешко празнење на цревата, јаделе од овој џем по една голема лажица дневно, а со тоа им се зголемила зачестеноста на празнењето.

УРМИТЕ имаат широк спектар здравствени предности, поради кои се сметаат за најздраво овошје. Тие се извор на природни влакна кои се неопходни за работата на цревата.

Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива за обичниот. Лесно се дигестира и го заситува телото. По состав, урмите се природна мултивитаминска таблета.

Анемичните пациенти би требало да јадат урми, бидејќи се одличен извор на железо. Во 100 г урми се содржат околу 0,90 мг железо. Железото, како дел од хемоглобинот, ја одредува количината на кислород во крвта односно нејзиниот транспорт.

Урмите содржат и калциум, кој е корисен при дијареа. Освен тоа, помага да се обнови цревната флора.

РЕЦЕПТ ЗА ЛАКСАТИВЕН ЏЕМ

Потребни состојки:

150 г урми (1 шолја)

150 г суви сливи (1 шолја)

1,5 шолја превриена вода

Постапка:

Исечете ги урмите и сливите на помали парчиња. Ставете ги во зовриената вода и варете додека да згусне.

Добиената количина би требало да биде доволна за 20 порции (лажици*).

Овој џем е погоден за се’. Можете да го јадете така, да го мачкате на леб, на палачинки…

Сувите сливи имаат нутритивна вредност и се препишуваат со децении. Богати се со влакна и сорбитол. Содржат 15 пати повеќе сорбитол од другото овошје.

Тоа е еден вид на алкохолен шеќер кој можат да го консумираат и дијабетичари. Во цревата се преработува споро и затоа доведува до помека столица. Тие се добар извор на природни влакна кои се неопходни за работата на цревата.

СОВЕТИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА РЕДОВНА СТОЛИЦА:

-јадете храна со повеќе растителни влакна: овошје, зеленчук и одбегнувајте лаксативи, бидејќи постојат и природни методи со кои можете да ја подобрите работата на цревата.

-одбегнувајте млеко и кофеин, особено заедно во комбинација.