Фотографија и рецепт на Даринка Николиќ
Ова е најдобриот рецепт за медено срце од сите кои досега ги имам испробано. Го печев во калап 30х25 см, но може да се користи и приближни димензии.
Потребни состојки: 1 ½ чаша (од 200 мл) брашно, 1 чаша шеќер, 1 ½ чаша млеко (или газирана вода за посно), 50 мл масло, 2 лажици џем од кајсии, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка цимет и 2 лажици какао во прав. И уште: 6 лажици џем од кајсии + 2 лажици џем од кајсии, 150 г чоколадо за готвење и 4 лажици масло
Постапка: Брашното, какаото, сода бикарбона и циметот измешајте ги во еден поголем сад за да се изедначат рамномерно.
Во друг сад измешајте газирана вода (млеко), масло, шеќер и џем, па добро промешајте додека шеќерот да се растопи и да се соединат останатите состојки.
Постепено измешајте ги сувите и влажните состојки па изматете со миксер. Половина од добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет калап (30х25 см) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-тина минути.
Извадете го колачот и одозгора премачкајте го со 6 лажици џем, па одозгора излејте ја втората половина од смесата. Вратете во рерна да се допече уште 20 минути.
Печениот колач извадете го и премачкјате го во тенок слој со 2 лажици џем и прелијте го чоколадна глазура.
За глазура: искршете го чоколадодо, додадете масло па растопете го на пареа, многу тивок оган или во микробранова печка. Ова е најдобриот рецепт досега, сочен колач и многу вкусен, не го менувам повеќе.
Фотографија и рецепт на Даринка Николиќ