Потребни состојки:

1 литар млеко

200 г густин

1,5 шолја околу 300 г шеќер

5 лажици квалитетно какао во прав

50 г путер

3 лажици мед

1 ванилин шеќер (бурбон)

Околу 30 чоколадни бисквити

Постапка:

Во поголем сад измешајте густин, шеќер, какао и ванилин шеќер. Млекото загрејте го да биде млако, па малку по малку додавајте од смесата со густинот и мешајте. Нека се вари со постојано мешање со жица додека да згусне. Додека е врело додадете путер и мед и мешајте да се растопат и соединат.

Во калап 30х10 см обложен со фолија ставете ја топлата смеса, оставете 3-4 лажици, па започнете со редење на бисквитите.

Бисквитите буквално забодувајте ги во смесата на одредено растојание помеѓу нив. одозгора прекријте со остатокот од смесата, прекријте со фолија па оставете во дрижидер, најдобро преку ноќ. Следниот ден украсете по желба.