Според истражувањата и дерматолозите, краставицата има многу позитивни ефекти врз негата на кожата. Богатa е со витамин Ц, а помага при воспалителни процеси, иритирана кожа. Бидејќи содржи голема количина на вода, ја надополнува потребната хидратација на кожата.




Се верува дека дури и луѓето со многу чувствителна кожа можат да ја користат краставицата во своја полза. Самата кора од краставица има способност да ја зацврстува кожата. Затоа, краставицата како маска за лице може да се користи не само како средство за одржување yбава и здрава кожа туку и како „пријател“ пpoтив cтаpeење.




Доколку имате проблем со отечени и уморни очи или темни кругови, краставицата на лицето ги решава сите проблеми. Обидете се да ставите по едно ладно парче краставица под секое око. Ќе делува како коцка мраз и веднаш ќе почувствувате олеcнување.

NMD.mk




Дефинитивно треба да пробате краставица за лице доколку некогаш сте имале проблем со дамки и оштетувања кои се предизвикани од сонце. Ефектот на сонцето врз кожата може да биде опаceн и бoлен, особено на лицето. Краставицата е полна со хранливи материи како што се вода, калиум, сулфати и витамини А и Ц.




Можеби не сте знаеле, но краставицата како маска за лице може да се користи и како ефикасен третман за отстранување на мозолчиња. Го регулира производството на себум  кој всушност ги затнува порите. Така, автоматски влијае на појавата на мозолчиња и отстранување на постоечките. Еден од наједноставните начини да ја користите за оваа намена е да ја исечете на коцки и да ја потопите во врела вода.




Откако водата ќе се олади, измијте го лицето. Постапката можете да ја повторувате секој ден, додека целосно да се отстранат мозолчињата. Подолу ќе најдете рецепти за маски со чија помош можете уште побрзо да го решите вашиот проблем.




MAСКА БРОЈ 1: 1 лажица гел или сок од алое вера, ¼ сечкана краставица. Измешајте ги состојките и нанесете на лицето, а можеби и на вратот. Оставете 15 минути и потоа исплакнете со топла вода. Оваа маска од краставица ќе го остави вашето лице младешко и сјајно.




МАСКА БРОЈ 2: Краставица како маска за лице со бадеми за сува кожа: За да ја направите оваа маска, измешајте 1 лажица путер од бадем и ¼ рендана краставица (излупена). Измешајте ги состојките, ставете на лицето и по 10 минути исплакнете со вода. Оваа маска од краставица е идеална за сува кожа на лицето.




МАСКА БРОЈ 3: Маска за лице од краставица со морков за сува кожа. Извонредна маска за лице, која е погодна за сува кожа. Сè што треба да направите е да измешате 1 лажица свеж сок од морков, 1 лажица паста од краставици (кога ќе ја изблендирате ќе добиете смеса како паста) и 1 лажица павлака. Нанесете на лицето и оставете 15-20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.




МАСКА БРОЈ 4: Маска за лице од мед и краставица за сува кожа. Медот оди со сè, па прави идеален пар со краставица. За оваа маска треба да измешате: 1 лажица овес, 1 лажица пире од краставици, ½ лажица мед. Кога сè добро ќе се измеша, се нанесува на лицето и се остава 15 минути. Исплакнете со топла вода.




МАСКА БРОЈ 5: Маска од краставица и сурутка за акни. Уште една одлична маска за лице, за која треба да измешате ¼ краставица и 2 лажици сурутка или јогурт (бела, полумасна). Кога ќе добиете мазна паста од смесата, нанесете маска од краставица на лицето, оставете 15 минути и потоа исплакнете. Инаку, оваа маска за лице е погодна за оние со акни на лицето. Добра е и за оние со чувствителна кожа на лицето.

МАСКА БРОЈ 6: Маска од краставици и домати за брчки. Доколку барате природна и ефикасна маска за лице, со состојки достапни за секого, краставицата како маска за лице е тоа што ви треба. Измешајте ½ домати и ¼ краставица додека да добиете мазна маса. Нанесете на лицето и вратот, оставете 15 минути, а потоа исплакнете со вода.