Home пита МАЗНИК СО СПАНАЌ…За ручек, вечера или појадок, совршен рецепт за совршено јадење…

МАЗНИК СО СПАНАЌ…За ручек, вечера или појадок, совршен рецепт за совршено јадење…

МАЗНИК СО СПАНАЌ…За ручек, вечера или појадок, совршен рецепт за совршено јадење…Питата со спанаќ е вистинскиот избор кога сакате да ги споите традицијата и домашниот вкус во едно јадење.

Со спанаќот како главна состојка и домашно тесто, оваа пита е совршен оброк за секоја пригода – без разлика дали е појадок, ручек или вечера.

Подготовката не е комплицирана, а резултатот е вкусен специјалитет кој ќе предизвика насмевка на вашето лице. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 кг брашно
1 лажица сол
6 лажици масло
млака вода по потреба

За фил помешајте со рака:
1 кг спанаќ, исчистен и ситно исечкан
3 јајца
100 мл кисела павлака
сол по вкус

За прелив помешајте:
200 мл врела вода
50 г путер

И уште: 50 г путер

ПОСТАПКА:

Во брашното додајте сол и масло, па постепено додавајте млака вода. Месете додека тестото да стане компактно и нелепливо. Оставете го да одмори 15 минути.

Потоа поделете го на 4 дела, формирајте топчиња, развлечете ги и намастете ги. Оставете ги да одморат 15 минути пред да ги развлечете во големи тенки кори. Филувајте ги и правете ролнички како што е прикажано во видеото.

Питата одозгора намастете ја и печете ја во загреана рерна на 250 степени. печената пита залијте ја со преливот и вратете ја во рерна уште 2 минути. Потоа одозгора премачкјате ја со путер и оставете малку да подизлади пред послужување.

Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: