Есенцијалното масло од мастиково дрво се смета за едно од најефикасните масла кога станува збор за проширени вени и испукани капилари.
Мастиковото дрво (Pistacia lentiscus) е самонико грмушесто растение кое расте по јадранското крајбрежје и други приморски места, а од неодамна започна да се дестилира во драгоцено есенцијално масло.
Може да се употребува во вид на масло, а смолата се суши на сонце и се користи за лекување на гингивитис, желудочни проблеми и за освежување на здивот.
Есенцијалното масло се смета за едно од најефикасните масла кога станува збор за лекување и нега на проширени вени и испукани капилари!
МАСЛО ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ – РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
100 мл кантарионово масло
50 капки есенцијално масло од мастиково дрво
50 капки есенцијално масло од смиљ
Постапка:
Сите масла се мешаат и се складираат во стаклено шише.
Употреба: секојдневно се мачка и нежно се втријува во насока на крвотокот – од глуждовите (скочните зглобови) кон колената и бутовите.
После мачкање не смеете да се изложувате на сонце.