Маслото од семки од тиква е богато со цинк, витамините А, Е, Ц и К, а во свежа состојба содржи повеќе од 60 проценти од незаситени масни киселини.
Освен тоа, ги содржи и витамините од групата Б и уште многу минерали.
Благодарение на сето погоре, влијанието на ова масло во исхраната е огромно, а да биде уште подобро, маслото од тиква е и вкусно, па така, освен што може да се пие интегрално, може и да се додава во салати и јадење.
Ова се само дел од неговите здравствени придобивки:
– Ја нормализира големината на простатата
– Ги лечи инфекциите на мокрачните канали
– Го регулира холестеролот
– Помага при кардиоваскуларни заболувања
– Ја регулира столицата
– Го поттикнува правилното функционирање на бубрезите
– Го подобрува имунитетот
– Влијае позитивно на видот
– Позитивно влијае на расположението
– Ја освежува кожата
– Го спречува паѓањето на косата
Употреба:
Маслото треба да се конзумира 3 месеци, на следниот начин:
2 лажички, 2 пати на ден, со појадок и со вечера.
Исто така, може да се зема и во комбинација со храна. Освен тоа што можете да го додадете како прелив на која било салата, можете да го прелиете и врз сладолед или овшна салата, а семките можат да бидат вкусна и здрава ужина.
Кога ќе го набавувате, обратете внимание да биде ладно цедено.