Најпрво пиперката се обарува, а потоа се полни со сирење и на крај се потпекува и се добива многу вкусно јадење на кое никој не може да му одолее. Полнетите пиперки се едно од наједноставните и највкусните јадења кои сум ги пробала досега.

Секоја домаќинка си става свој личен печат на рецептот, бидејќи има безброј можности, а јас ви предлагам да го испробате токму овој рецепт на кој неодамна налетав и ме воодушеви.




Пиперките треба само кратко да се подвари колку да омекне, а потоа се полнат со меко сирење и тврдо сирење, а може и рендан кашкавал по избор, па се печат во рерна. Неодоливите пиперки можете да ги послужите како лесен ручек или вечера, но и како предјадење или закуска на некоја прослава. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 црвени пиперки ајварки, 3 лажици кисела павлака, 50 г тврдо сирење, 350 г ситно сирење/урда/или сирење по вкус, 1 чешне лук, 1 домат, 1/2 лажичка суво нане, 1 лажичка оригано, 1/2 китка магдонос




ПОСТАПКА: Во широка длабока тава или тенџере наредете ги пиперките во еден ред (претходно измиени), налејте вода да бидат до половина потопени, поклопете со капак и ставете ги на умерен оган да се варат 5-7 минути од моментот на зовривање.




Потоа превртете ги од другата страна , повторно поклопете и продолжете да ги варите уште 3-5 минути. Со овој рецепт можете да приготвите какви било пиперки, зелени, бабурести и слично, но лично мене највкусни ми се црвените ајварки.




Во зависност од видот на пиперките кои ќе ги користите и нивната големина, прилагодете го времетраењето на нивното варење. Кога пиперките ќе омекнат извадете ги од водата и оставете ги настрана да се оладат.




Потоа направете длабок засек на следниот начин: од едната страна на пиперката направете засек долж пиперката и уште еден попречен при врвот на дршката. Засеците се прават само од горната страна, во облик на биквата „Т“ и не одат докрај, туку колку да може да се извади семето и да се наполни пиперката, а сепак да остане горниот дел со дршката.




Подготовка на филот: во подлабок сад ставете го ситното сирење (урда или сирење по ваш избор) и додајте три супени лажици кисела павлака. Доматите исечкјате ги на ситни коцкички, па и нив додајте ги, како и 50 г рендан кашкавал, рендано лукче (или истиснато низ преса).




Зачинете ја мешавината со зачини по своја желба, но одличен вкус даваат сувото нане и оригано. Најпосле додајте ситно исечкана една китка свеж магдонос и промешајте за да се распоредат состојките.




Со оваа мешавина наполнете ги пиперките, одозгора премачкјате ги со масло и наросете ги со суви зачини. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се потпечат околу 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.