Maнчмалоу е познат деликатес и наместо да го купувате, направете го сами дома со едноставни и евтини состојки. Подготовката е многу едноставна, прелијте ги бисквитите со филот од белиот крем, па прелијте со чоколадната глазура и колачот е подготвен за послужување.

Постојат неколку верзии за подготовка на манчмалоу колач, а ова е наједноставната верзија без кондензирано млеко, целиот колач е на база на јајца и пудинзи, затоа е многу кремаст. Фото и рецепт на Бранкица Спасиќ. Еве што ви е потребно за овој колач:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 жолчки, 12 лажици шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно, 3 лажици какао, ½ кесичка прашок за печиво ЗА ШАМ: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода, 10 лажици шеќер.

ПРВ РЕЦЕПТ – Фото и рецепт на Бранкица Спасиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – лажен Манчмалоу колач (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, половина лажичка сол, 120 г шеќер, 150 мл млеко, 50 мл масло, 150 г брашно, 30 г какао во прав, 1/2 кесичка прашок за печиво. ЗА КРЕМОТ: 10 г желатин, 50 мл вода, 200 г кондензирано млеко, 200 мл слатка павлака. ЗА ГЛАЗУРА: 50 г чоколадо, 40 мл топла слатка павлака.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата треба да бидат остојани минимум 1 час на собна температура. Кога ќе се стоплат, се одвојуваат белките од жолчките во посебни садови. Пенасто изматете 6 жолчки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи и смесата ќе згусне и побели, додајте 200 мл ладно млеко и 100 мл масло. Промешајте.




Низ сито просејте 6 полни лажици брашно, 3 лажици какао и половина кесичка прашок за печиво. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја во намастен и наросен плех со брашно (вишокот истресете го), па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.




ЗА ШАМОТ: На оган ставете 4 лажици вода со 10 лажици шеќер. Загревајте постепено додека шеќерот да се растопи и да се добие сируп. Пенасто изматете 6 белки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Матете додека шеќерот целосно да се растопи и да се добие цврст снег. Млакиот шеќерен сируп постепено додавајте го во тенок млаз додека непрекинато го матите снегот од белки.




Кората извадете ја од рерна и намалете ја температурата на 130 степени. Врз кората рамномерно распоредете го шамот, израмнете и вратете го во рерна да се допече уште 5-10 минути. Кога е готов колачот направете чоколадна глазура по ваш избор и прелијте врз шамот.

ПРВ РЕЦЕПТ – Фото и рецепт на Бранкица Спасиќ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Колачот подолу се состои од две меки чоколадни кори, кремаст, бел фил и чоколадна глазура. Има многу сличен вкус како манчмалоу колачот. Децата особено ќе го сакаат овој деликатес, а можете да го послужите и во посебни пригоди. Бидејќи е некоја замена за манчмалоу колачот, во рецептот се користи и кондензирано млеко.

ВТОР РЕЦЕПТ – Лажен Манчмелоу колач




Во сад измешајте ги јајцата со шеќерот и солта, па додајте ги млекото и маслото. Просејте го брашното, какаото во прав и прашок за печиво во смесата од течни состојки, па соединете со жица/маталка додека да се формира еднолична смеса, без грутчиња.




Излејте ја смесата во плех со стандардна големина и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Подготвениот какао бисквит поделете го на два еднакви делови. Првиот дел префрлете го на дното на калапот.




Изматете го кондензираното млеко со неутралната павлака во сад, измешајте го желатинот (претходно измешан со малку вода) и истурете во калапот, а одозгора ставете уште едно парче темен бисквит. Оставете во фрижидер 1-2 часа. Прелијте ја смесата со чоколадната глазура. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.