Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – Хиландриско ќофте од грав.
Поздрав драги домаќини и домаќинки. Ова е вистински рецепт токму за посните денови. Толку едноставен за приготвување, а заситен, така што целото семејство ќе можете да ручате и да се сладите.
Оние кои не постат, исто така ќе бидат воодушевени со овој рецепт, бидејќи гравот приготвен на овој начин е неверојатно вкусен. Ако ви недостига месо, а мислам дека нема, тогаш додадете го како прилог.
Потребни состојки: 700 г бел грав, 1 главица кромид, 1 главица лук или по вкус, 1 ќитка магдонос, 1-2 лажици зачинска црвена пиперка, сол, сув зачин по вкус, 4 лажици презла + за валкање на ќофтињата, 5 страка праз, 150 мл масло + 100 мл за запршка и 2-3 лажички алева пиперка (црвен пипер во прав).
Постапка:
Гравот одвечер покиснете го за да набубри. Кромидот излупете го и колку можете поситно исечкајте го и додадете го во гравот. Додадете вода колку да се прекрие гравот, па на тивок оган сварете го за да омекне, за да може да се испасира.
Празот исечете го на ситно на парчиња, па заедно со 150 мл масло (или помалку) пропржете го на тивко да се издинста. Додека празот се динста, испасирајте го гравот (ако има вишок вода, процедете го). Магдоносот ситно исечкајте го и додадете го во пасираниот грав.
Зачинете со полна лажица или две зачинска црвена пиперка, црн пипер во прав, една плна лажица сув зачин, малку сол по вкус. Лукот ситно исечкајте го или поминете го низ преса, па и него додадете го во смесата од грав. На крај додадете 3-4 полни лажици презла. Промешајте добро да се изедначи, вкусете и додадете зачини по ваш вкус. По потреба додадете презла за да можете да формирате ќофтиња.
Издинстаниот праз распоредете го во тепсија. Дланките и лажицата натопете ги со вода (ставете си чинија со вода покрај вас), па црпете поголема лажица и формирајте топки. Вака формираните топки валкајте ги во чинија со презла и редете ги во тепсијата врз празот.
За запршка: На оган загрејте 100 мл масло, исклучете ја ринглата и додадете го црвениот пипер, па веднаш прелијте го врз ќофтињата (за да не ви загори пиперот). Ќофтињата ставете ги да се запечат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути. Одозгора наросете свеж магдонос. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.