Ваков вкусен десерт од кој се разлева чоколадото, а на вкус толку сочен и неодолив немам пробано со години. Порано мислев дека ваквите десерти е невозможно да ги приготвиш дома, па само може да се јадат во скапи ресторани и тоа ако имаш среќа да си дозволиш поради високата цена.




Неодамна мојата пријателка ме викна на кафе и со него ми послужи еден ваков вкусен десерт од кој останав без зборови. Срам ми беше да побарам уште едно парче, па веднаш и го побарав рецептот и кога стигнав дома веднаш си го направив колачот.




Потребни состојки: 2 банани, 3 супени лажици какао (незасладено), 1 супена лажица прашок за печиво, 1 супена лажица ванилин шеќер, 2 јајца, 100 г темно чоколадо без шеќер, 100 мл млеко и 10 г путер.




Постапка: За овој колач потребно е да користите зрели и меки банани. Кај нас тоа ни одговара бидејќи децата секогаш ги јадат бананите додека се тврди и жолти, а кога ќе почнат да потемнуваат остануваат така и се расипуваат. За среќа со овој рецепт можам да ги искористам за нешто убаво.




Бананите излупете ги и исечкајте ги на кругови. Ставете ги во блендер да се изблендираат во компактна смеса без грутки. Во друг сад измешајте ги сувите состојки: какаото, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво.




Ванилиниот шеќер може да се замени и со течна ванила. Сувите состојки додајте ги во блендерот со пасираната банана и повторно изблендирајте додека да потемни смесата. Главната работа е во смесата да нема грутки.





Во смесата додајте ги јајцата кои претходно треба да отстојат на собна температура и повторно изблендирајте до формирање на течна, еднолична смеса. Во плех или огноотпорен сад со пречник од 20 см ставете хартија за печење. Јас хартијата специјално ја исеков по големина на садот само на дното.




Во садот излејте ја смесата и добро измазнете ја. Ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. По печењето оставете го колачот целосно да се излади во садот каде што се печел, а потоа превртете го на друг сад за послужување и извадете ја хартијата за печење која е одозгора.




Темното чоколадо исечкајте го ситно со нож. Измешајте го со 100 мл млеко и 10 г путер. Ставете го садот со состојките во микровална печка на најмала топлина 2-3 минути колку да се растопи чоколадото. Оваа прекрасна чоколадна глазура излејте ја врз оладената кора. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.