Најмеките, најбрзите и наједноставните! Ви откриваме два рецепти за приготвување на овие ровки кифлички. Не ви се потребни многу состојки, премногу се евтини.

РЕЦЕПТ 1 Посни кифлички. Потребни состојки: 300 мл масло, 150 мл врела вода (или газирана вода), 1 прашок за печиво и околу 500 г брашно. За валкање: околу 200 г шеќер во прав и 1 ванилин шеќер

Постапка: Вклучете ја рерната на 200 степени. Измешајте ја водата со маслото, ставете го и прашокот за печиво, промешајте и постепено додадете го прво со лажица, а потоа и со рака.

Добиеното тесто поделете го на 3-4 топчиња (јас го поделив на 2, па добив 16 поголеми кифли, ама помали се послатки). На набрашнета површина прво со рака формирајте сплескан круг, а потоа развлечете со оклагија.

Исечете ја кората на триаголници, на секој дел ставете по малку мармелад. Виткајте ги кифличките и редете ги на плех обложен со хартија за печење.

Ставете ги веднаш да се печат додека малку да заруменат. Ако тестото ви се разлистува, само притиснете со прстот тука-таму, па и онака кифлите се ровки кога ќе се испечат, шеќерот сè убаво ќе покрие.

Врелите кифлички валкајте ги во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Поубави се кога ќе изладат, повеќе крцкаат.

РЕЦЕПТ 2 Слатки кифлички со јогурт. Потребни состојки: 300 г брашно, 1 прашок за печиво, 20 г шеќер, 1 прстофат сол, 125 г растопен путер, 180 г јогурт, џем по избор или фил од јаболка, ореви, мак… и шеќер во прав за послужување

постапка: Во еден сад просејте го брашното и прашокот за печиво. Додадете шеќер и сол, па измешајте. Путерот растопете го на тивок оган. Тргнете го од оган и додадете го јогуртот кој малку ќе го разлади, па веднаш истурете го во брашнето.

Замесете го тестото со дрвена лажица. ТЕСТОТО НЕ СЕ МЕСИ, доволно е да се измеша колку да се поврзат состојките. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се олади, половина час. Тестото е меко, ама не се лепи.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Тестото поделете го на два дела. Врз обилно набрашнета работна површина секој дел развлечете го во што потенка кора со пречник од околу 38 см.

Кругот поделете го на 12 триаголници или на 16 за помали кифли. На почетокот од секој триаголник ставете по лажичка џем и свиткајте ја кифлата.

За да не истече џемот, префрлете малку тесто од лева и десна страна преку џемот, па штом започнете со виткањето со прстите притиснете го тестото околу купчето со џем, за да се залепи тестото, а потоа свиткајте до крај.

Наредете ги во плехот и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 18-20 минути или до златножолта боја. Печените кифлички наросете ги со шеќер во прав.

coolinarika.com