Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска
Печени тиквички во рерна
Потребни состојки:
1 средна тиквичка
1-2 средни компири
1 главица кромид
1 зелена пиперка
1 домат
1/2 црн патлиџан
1-2 чешниња лук
магдонос
црвена пипер за готвење
вегета и сол по вкус
1 супена лажица брашно
масло и
вода
Постапка:
Тиквичките, компирите и црниот патлиџан се сечат на коцки, пиперката, доматот и кромидот се сечат ситно, морковите на кругчиња.
Се става во тава, се промешува, се става црвена пипер 1 лажица, вегета и сол по вкус, брашното го наросуваме одгоре, сечкан магданос, малку масло и се полева со вода да го покрие зајрето.
Се промешува да се растопи брашното и се става во загреана рерна да се пече на 200 степени. Готово е кога ќе испари водата, да не е многу суво, ниту многу течно.
Македонски фолклор: тиквички во тава (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)