Фото и рецепт: Мина Милева
Не е благо а го носи името локум пипер, затоа што е многу вкусно…поубаво не сум пробала!
Потребни состојки:
10 кг пиперки
800 мл масло
300 г шеќер
300 г прехрамбена киселина 9%
300 мл маџунот – сокот од пиперките што се цеделе
сол по вкус, јас ставив 1 рака морска сол
Постапка:
Пиперките се печат вообичаено, се полнат во кеси, па се лупат и се чистат од семкте. Се оставаат да се исцедат, а потоа се сечат надолжно.
Сите течни состојки, оцетот, маслото и маџунот заедно со шеќерот се ставаат на оган да проврие, па се додаваат сечканите пиперки.
Се пржи околу 40 минути, а на крај се додава сечкан лук, магдонос и сол по вкус. Кој сака луто, може да стави и некоја лута пиперка по вкус.
Се складира во топли и претходно стерилизирани тегли и се затвора со капаци. Се ставаат во рерна на 60-100 степени околу 15-20 минути и се оставаат додека да изладат.