МАКЕДОНКАТА СВЕТЛАНА МОЈСОВ е заслужна за откривањето на хормон клучен за лачењето инсулин (популарниот лек „О3ЕМПИК)…
Македонката Светлана Мојсов(а) е всушност жената која стои зад лекот-блокбастер Оземпик, лекот за дебелина, заслужна за откритието на хормонот ГЛП-1 (GLP-1).
Долги години се борела за признавање на својот придонес, наградите ги добивале други наместо таа, сè додека не почнала правна битка.
После толку години борба, конечно минатата година почнува да се пишува за неа како жена која е најзаслужна за откривањето на ГЛП-1, хормон што фармацевтската компанија „Ново нордиск” го претвори во лек против дијабетес и дебелина.
Светлана е родена во Скопје, а дипломирала хемија во Белград, тогашна Југославија.
Светлана започнала да истражува за дијабетес во Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.
Таму развила техника за синтеза на глукагон, хормон кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта.
Во 1980-тите, Мојсов се преселила во Општата болница во државата Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот ГЛП-1, пептид кој има сличности со една класа на хормони кои ослободуваат инсулин во цревата, наречени инкретини.
Врз основа на сличностите со глукагонот, Мојсов била првата што ја идентификувала биолошки активната секвенца на ГЛП-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.
Нејзините експерименти покажале дека кратката верзија на ГЛП-1 навистина се произведува во цревата.