Жена чија мајка родила бебе во шестата деценија им возвраќа на сите што негативно ја критикуваат и озборуваат. Кајла Колдвел на Тик Ток сподели видео од нејзината 52-годишна мајка како го држи своето новороденче, пишувајќи дека корисниците на оваа социјална мрежа брутално ја навредувале.
„До сите оние кои имаат негативно мислење за мајка ми што роди бебе на 51 година“, таа е многу среќна, рече Кајли. Потоа во друго видео откри со какви пораки и навреди се соочила нејзината мајка поради нејзината одлука да се породи во шестата деценија.
„Не, тоа е буквално неодговорно“, „Веројатно еден ден ќе се грижиш за брат ти или сестра ти“, толку е ризично, како таа ќе има енергија дури и да си игра со тоа дете“, се само дел од коментарите на осуда.
Сепак, во коментарите имаше и поддршка за оваа новопечена мајка.
„Имам 45 години и се обидувам да имам уште едно бебе. Ова ми дава надеж“, гласеше еден еден од коментарите, додека друг корисник напиша: „На мојата пријателка ѝ беше кажано дека никогаш нема да може да има бебе. Таа на 50 години роди здраво момче.“ Да се потсетиме и на Maкедонката која стана мајка на 51 година:
Кога има желба и истрајност, тогаш има и резултати. Жена од Македонија не се откажа од својата битка да се реализира во улогата на мајка и сега на 51 година таа доби син. За оваа емотивна ситуација на социјалните мрежи детали споделуваат одговорните од болницата Плодност.
Нивната објава за убавата вест гласеше:
„Животната желба да има дете, беше пресудна за нашата пациентка, која и покрај возраста, со својата упорност, верба и надеж, на свет донесе машко бебе на 51 година во Болница Плодност.
Со оглед на возраста, ова е храбар потег на гордата мајка, но и голем успех за ИВФ тимот на „Плодност“. Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија мајката во намерата да има свое дете.
Пресуден момент за бременост на нашата пациентка беше тестот за ендометријална рецептивност, односно ЕРА- тестот, за да ја утврдиме рецептивноста на ендометриумот. На овој начин ја имавме информацијата за точниот час од прозорецот на имплантација на ембрионот, кој беше најважниот момент за бременоста на нашата пациентка.
Успехот во цел овој процес навистина предизвика огромна радост и кај пациентката, но и кај нашиот ИВФ тим, кој покажува дека упорноста и знаењето, даваат врвни резултати. Среќната мајка, која ја сподели својата радост со јавноста, истакна дека желбите навистина стануваат реалност, но за тоа е потребна упорност, верба и секако, добар медицински тим.