Потребни состојки:
околу 350 г тестенини (најчесто користи спирални)
околу 100 г кисели краставички
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 мала, најмала конзерва пченка
1 и ½ кесичка мајонез
1 чашка кисела павлака
150 мл павлака за готвење (за тестенини)
100 г кашкавал
100 г шунка
Сол, црн пипер
Постапка:
Тестенините сварете ги, процедете ги и изладете (под млаз студена вода)
Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги поситно (или изрендајте).
Додадете ги сите останати состојки и добро промешајте.
Изладете и сервирајте. Тестенините впиваат доста од течноста, па ако е потребно додадете уште малку од течната павлака кога салатата ќе излади и промешајте уште еднаш.