Еден ден кога бев на гости кај мајка ми со семејството, станав да и помогнам околу раскревањето на масата и тогаш забележав: нејзините раце изгледаа толку нежно и младолико, далеку поубаво од моите.
Признавам дека до тој момент воопшто не обраќав внимание на изгледот на моите дланки. Мајка ми сама ми откри на кој начин ги отстранува старечките пеги од рацете и што и ја подмладува кожата.
„Рацете се личната карта на една жена“. Колкупати сте ја слушнале оваа изрека? Но, признајте дека е точно. Имено, женските раце знаат многу повеќе да „претрпат“ од машките. Постојано се изложени на вода, детергенти за перење и други хемикалии поради што кожата се суши и пука.
Честопати немаат време да стават ракавици за секојдневните активности во мора веднаш да се реагира. А старечките пеги честопати може да ја се јават и предвремено поради неадекватна нега, но и поради изложување на сончевите зраци.
Мајка ми има постапка која и помага да ги избели и отстрани старечките пеги, а воедно и да ја подмлади својата кожа. Приготвува маска од 1 жолчка, 1 лажица мед и 1 лажица некое растително масло кое повремено го менува (маслиново, кокосово, сончогледово).
Потоа таа раствора 2 лажици сол во еден литар топла вода и капнува неколку капки лимонов сок. Во овој раствор таа ги чува рацете 10-тина минути. После киснењето на рацете во солената вода, без бришење и миење, таа ги мачка рацете со претходно приготвената смеса. После 20 минути рацете ги испира со топла вода.
Го пробав нејзиниот рецепт и можам да ви кажам дека ефектот е фантастичен: кожата станува мека, еластична, без дамки и пукнатини. Со оваа маска рацете можат да се обноват за 3 до 4 дена.
Уште една од нејзините тајни: таа секоја вечер ги мачка со домашна винска киселина: натопува памук, а потоа нежно го натапкува во кожата додека целосно да се впие. Потоа остава да и се исуши.
Евтино и ефикасно: Рецепт за груби дланки, испукани пети, криви нокти и груби лакти
Ако си ги запуштите дланките, тие можат многу да огрубат, кожата да испука, па дури и да се појават болни рани. За смесата ви се потребни глицерин (глицерол) и медицински алкохол 70% кои можете да ги купите од аптека.
Измешајте ги двете состојки во однос 1:1. Вријте ја оваа мешавина врз грубата кожа на рацете, нозете, петите и сите критични огрубени места. Постапката повторувајте наутро и навечер.
После десеттина дена ќе забележите фантастични резултати. Вашите пети ќе добијат розова боја, кожата ќе стане нежна и мека, а ноктите ќе добијат убав сјај. Оваа смеса можете да ја користете и за лактите. Оваа смеса е евтина, достапна и она што е најважно, делотворна.
ТЕРАПИЈА СО ПЛЕСКАЊЕ НА ДЛАНКИТЕ: ја подобрува циркулацијата, имунитетот, вештините, концентрацијата, енергијата
Ретки се моментите кога возрасни луѓе плескаат со раце, освен кога ракоплескаат за аплауз после одгледана претстава или кога си играат со мали деца. Плескањето е еден начин на кој им искажуваме поддршка на другите.
Но, имаме заборавено колку овој чин може да биде забавен и релаксирачки. Сигурно сте забележале дека малите деца за разлика од возрасните, плескаат почесто и тоа без посебна причина, а додека тоа го прават, телото им вибрира од радост. За децата тоа е природна состојба, израз на животна радост која извира од нивните тела.
Ако се прашувате дали воопшто има некаква корист од плескањето, ќе се изненадите колку всушност е тоа здраво. Исто како и насмевката, плескањето не ве чини ништо, а во вас и кај луѓето околу вас буди веселба и радост. Пробајте и уверете се колку оваа активност е позитивна и исцелувачка!
ПЛЕСКАЊЕ КАКО ОБЛИК НА ТЕРАПИЈА
На дланките се наоѓаат дури 28 акупресурни точки, а секоја од тие точки е поврзана со одреден орган во вашето тело и со нивна стимулација и масажа може позитивно да се влијае врз здравјето.
Со плескањето вие ги стимулирате рецепторите во дланките кои пренесуваат сензации до вашиот мозок. Денес постои терапија со плескање, а оваа активност се практицира во некои видови јога и qi gong токму поради тоа што буди спокој и го урамнотежува умот.
Со плескање се јакне имунитетот
Се утврдило дека луѓето кои секојдневно се плескаат по телото и рацете имаат поголема будност, поголема сила и виталност, а нивниот имунолошки систем е посилен. Со плескањето се јакнат белите кр-вни зрнца и се зголемува отпорноста на бројни хронични заболувања.
Се подобрува циркулацијата
Плескањето ја поттикнува циркулацијатаи спречува застој во венската и артериската циркулација. Исто така, со удирање дланка со дланка – според некои сознанија – се намалува холестеролот! Особено им се препорачува на луѓе кои долг период поминуваат во климатизирана просторија и кои не се потат. Со плескањето ќе ја поттикнат циркулацијата и чистењето на кр-вта. На тој начин се енергизира телото и се поттикнува оксигенација на ткивата и органите.
Им помага на луѓе со низок кр-вен притисок
Ако и вие спаѓате во оние кои често чувствуваат слабост и несвестици како последица на низок кр-вен притисок, можете да ја правите терапијата со плескање. Наместо да седите, застанете исправено на нозе, испружете ги рацете во воздух и плескајте со рацете барем 5 минути. Плескајте дланка од дланка, а потоа секоја рака поединечно, па нозете почнувајќи од стапалата, па нагоре.
Ублажува болести на срце и астма
Бидејќи плескањето го поттикнува протокот на кр-вта и кислородот кон белите дробови, ублажува разни тегоби поврзани со срцето и белите дробови. Со плескањето всушност се подобрува работата на целиот нервен систем. Исто така, се покажало дека ги ублажува тегобите предизвикани од астма.
Помага кај артритис и гихт
Плескањето се покажало особено корисно кај лица на постара годишна возраст кои боледуваат од гихт и артритис. Со помош на плескањето се ублажуваат болки во зглобови, врат и рамења.
Помага при опстипација
Плескањето е особено корисно за сите оние кои имаат дигестивни пореметувања. Со практицирање на овој забавен метод може со текот на времето да се ублажат дигестивните и желудечните тегоби како гастритис и ждригавица.
Се изострува умот и вештините
Истражувањето спроведено во Израел покажало дека пеењето песни во комбинација со плескање подобрува важни вештини кај децата независно од нивната возраст.
Студијата открила дека тие деца имаат поуреден ракопис и дека поретко грешат во пишувањето. Со плескањето се подобруваат менталните способности кај возрасните, бидејќи со тоа се активира поголемиот дел од мозокот.
КОГА И КАКО ДА СЕ ПЛЕСКАМЕ?
Плескањето е најдобро да се практицира во утринските часови, бидејќи тогаш се постигнува максимален резултат. Таа активност може да трае од 20 до 30 минути и тогаш служи како вистинска терапија. Додека плескате, внимавајте дланките да ви бидат испружени и да ви се допираат јагодиците на прстите. Рацете нека ви бидат опуштени.
Плескајте пред вас, плескајте високо во воздухот над главата, со едната рака плескајте ја другата рака со тапкање почнувајќи од дланката па нагоре од внатрешна и надворешна страна, рамењата и главата, градите, стомакот, нозете од стапалата нагоре. Истото повторете го и со другата рака и другата нога до зад-никот.
Пред плескањето можете на дланките малку да нанесете кокосово масло или некое друго хранливо масло, за да може при тапкањето да го впиете во кожата.
Откако ќе завршите со тапкање на стапалата облечете чорапи и топлинки за да спречите губиток на енергија. Продолжете со плескање на дланките колку можете подолго и секојдневно зголемувајте го времето. Здраво лице во еден ден може да изведе дури 1500 плескања со дланките.