Еден ден кога бев на гости кај мајка ми со семејството, станав да и помогнам околу раскревањето на масата и тогаш забележав: нејзините раце изгледаа толку нежно и младолико, далеку поубаво од моите.




Признавам дека до тој момент воопшто не обраќав внимание на изгледот на моите дланки. Мајка ми сама ми откри на кој начин ги отстранува старечките пеги од рацете и што и ја подмладува кожата.




„Рацете се личната карта на една жена“. Колкупати сте ја слушнале оваа изрека? Но, признајте дека е точно. Имено, женските раце знаат многу повеќе да „претрпат“ од машките. Постојано се изложени на вода, детергенти за перење и други хемикалии поради што кожата се суши и пука.




Честопати немаат време да стават ракавици за секојдневните активности во мора веднаш да се реагира. А старечките пеги честопати може да ја се јават и предвремено поради неадекватна нега, но и поради изложување на сончевите зраци.




Мајка ми има постапка која и помага да ги избели и отстрани старечките пеги, а воедно и да ја подмлади својата кожа. Приготвува маска од 1 жолчка, 1 лажица мед и 1 лажица некое растително масло кое повремено го менува (маслиново, кокосово, сончогледово).




Потоа таа раствора 2 лажици сол во еден литар топла вода и капнува неколку капки лимонов сок. Во овој раствор таа ги чува рацете 10-тина минути. После киснењето на рацете во солената вода, без бришење и миење, таа ги мачка рацете со претходно приготвената смеса. После 20 минути рацете ги испира со топла вода.




Го пробав нејзиниот рецепт и можам да ви кажам дека ефектот е фантастичен: кожата станува мека, еластична, без дамки и пукнатини. Со оваа маска рацете можат да се обноват за 3 до 4 дена.




Уште една од нејзините тајни: таа секоја вечер ги мачка со домашна винска киселина: натопува памук, а потоа нежно го натапкува во кожата додека целосно да се впие. Потоа остава да и се исуши.