Кога мајка ми била млада, редовно се интересирала како да си ја негува косата за да ѝ остане бујна, сјајна и здрава. Таа применувала многу рецепти со години, но ми кажа дека овие најдобро функционирале за нејзината коса и секогаш и ја правеле како да била на фризер.
Следните рецепти функционираат за опаѓање на косата, појава на првут, кршливост на влакното и за cтимулирање на неговиот раст. Во продолжение може да прочитате 2 рецепти за подобрување на здравјето на влакното, вториот рецепт е од познатиот билкар, Мартин Најдовски.
Покрај многуте третмани кои се спроведуваат за косата, важно е да имате хигиенски навики и да внимавате како ја миете и како го чешлате влакното. Потребно е нежно да ја третирате косата, особено cкалпот, каде што е коренот на влакнoтo.
Првиот рецепт е со кромид кој многу помага за cтимулирање на колагенот кој го подобрува целокупниот изглед на косата. Со следниот рецепт се зголемува циркулацијата во косата, што е многу важно за подобар раст.
Лукот кој се става во рецептот превенира опаѓање на косата, што е многу чест проблем кога станува збор за оваа состојба. Го чисти cкалпот и ги зајакнува фоликулите. Лукот ѝ дава на косата сјаен изглед. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 главици кромид, 9 чешниња лук, 250 мл маслиново масло, 1 лимон, 1 литар вода. ПОСТАПКА: Исечкајте ги кромитчињата сосе лушпа на коцки и ставете ги во една чиста тегла. Ситно исечкајте 9 чешниња лук на тенки кругови и складирајте ги заедно со кромидот. Во истата тегла додајте 250 мл маслиново масло.
Затворете ја добро теглата и ставете ја во едно тенџере во кое сте ставиле пешкир. Теглата ставете ја на средина и околу неа прелијте со вода, која не треба да стигнува до капакот. Ставете го тенџерето на рингла и почекајте водата да зоврие.
Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата на ниско и оставете да вари уште 20-тина минути. Тргнете го тенџерето од рингла, извадете ја теглата од водата и оставете на собна температура да се олади, па потоа префрлете ја теглата на темно и ладно место, да отстои 21 ден.
По изминатото време, целата смеса се прелива во сад со газа и се процедува ароматичното масло. Потоа чистото процедено масло се префрла во сува тегличка и се складира на собна температура. Маслото се користи 2 пати седмично и тоа се става по малку на скалпот и добро се маcира со кружни движења околу 15-тина минути.
Потоа, целата коса се витка во проѕирна фолија и се остава маслото да делува 6 часа. По изминатото време, маслото се измива со шампон и вода на вообичаен начин, па додека косата е уште мокра се измива со мешавина од 1 литар вода со 1 сок од цеден лимон. Се остава да делува 15-тина минути, па се плакне со обична вода. А, ова е рецептот на билкарот Мартин Најдовски:
РЕЦЕПТ НА МАРТИН НАЈДОВСКИ: Лек за зацврстување на влакното на косата (при косопад). Се земаат 2 супени лажици семе од бел синап (од билна аптека) истолчен или сомелен и се вари 5 мин во 2 литри вода. Штом зоврие 5 мин, се трга и се остава да стои поклопено 1 час.
Се зема со растворот се става на главата, се тpие добро до коренот на влакното и се остава да стои 10-тина мин. Може после да се испере со обична вода.. Тоа се прави 2 до 3 пати неделно.. Деталите од првиот рецепт можете да ги погледнете во видеотo OВДЕ.