Најомилените колачи за правење се токму оние чиишто рецепти не бараат прецизно мерење на вага, туку сè се мери со чаша или лажица. Такви се рецептите на нашите баби, а за голем број од нив не е потребен ниту миксер. Рецептот за „орев коцки“ е токму еден од нив.
Од обични состојки кои сите ги имаме дома се добива голем колач, сочен, одличен за неделен десерт, но и за секоја друга свечена пригода. За овој колач може да се каже дека е поубав дури и од торта. Еве што ви е потребно според рецептот на Валентина Машковиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит (се мери со чаша од 200 мл): 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло за готвење, 2 чаши брашно, 5-6 супени лажици мелени ореви, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 500 мл млеко, 6 супени лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 4 супени лажици гриз, 100 г чоколадо за готвење или по избор, 150 г мелени преви или 2 чаши. За прелив: 300 мл млеко (1.5 чаша од 200 мл), 6 лажици шеќер. За глазура: 100 г чоколадо, 200 мл слатка павлака (или 150 мл млеко), 1 чаша крупно мелени ореви
ПОСТАПКА: Најпрво се приготвува бисквитното тесто, потоа смесата која се излева како средишен дел, па преливот од млеко и шеќер со кој се залева печениот колач и на крај глазурата. За бисквитно тесто: во подлабок сад скршете три јајца, додајте шеќер и матете со жица-маталка додека започне шеќерот да се растопува.
Потоа додајте една чаша млеко и една аша масло, па повторно промешајте за да се соединат состојките. Најпосле додајте го брашното и прашокот за печиво, па мешајте додека да добиете хомогена изедначена смеса брз грутчиња и на крај додајте ги мелените ореви. Изедначете и вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
За тоа време намастете го плехот од рерна и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Започнете со подготовка на средишниот фил: во тенџере ставете млеко, шеќер и ванила, па штом се загрее додајте го гризот и мешајте додека сето да се загрее.
Потоа додајте го чоколадото искршено на коцки и промешајте за да се растопи. На крај во врелата смеса додајте ги мелените ореви, па убаво соединете во еднолична смеса. Тргнете на страна. Во подготвениот плех излејте половина од бисквитното тесто, рамномерно распоредете и израмнете.
Ставете да се пече во загреаната рерна 10 минути, колку да фати коричка. Извадете го од рерна и врз бисквитот излејте ја целата смеса за средишниот фил, распоредете и израмнете, а врз него излејте ја втората половина од бисквитното тесто. Распоредете преку целата површина да се покрие филот, па вратете во топлата рерна да се допече уште 15-тина минути.
Печениот колач густо избоцкајте го со чепкалка или дрвено стапче за ражнич, па залијте го со млечниот прелив: едноставно ставете ги млекото и шеќерот на оган и загревајте додека тоа стане врело (не мора да зоврие), колку да се растопи шеќерот. Оставете го колачот да подизлади и да го впие млекото, па исечете го на коцки и залијте го со глазура.
За глазура: на тивок оган загрејте ја слатката павлака и чоколадото додека тоа да се растопи, без да зоврие. Врз колачот сипете мелени или крупно сечкани ореви. Изладете пред послужување, а ако сте нестрпливи можете да послужите и веднаш. Деталите погледнете ги ОВДЕ.